Microsoft гo претстави Skype Meetings за малите компании

Image courtesy of Skype

Комуникацијaта е клучна за развојот на секоја компанија, иако видео-конференциите често се луксуз за малите компании. Затоа Microsoft ќе се обиде да им даде шанса на сите да прават Skype Meetings со аудио и HD-видео разговори. Освен видео, корисниците можат да сподеуваат пораки, слајдови од презентации или работни табли. Дополнително организаторот на повикот може да го сподели преку URL линк.

Но, според начинот на кој Microsoft ја споделува услугата, се чини дека е тест функционалност. Првите два месеци се овозоможени разговори помеѓу десет учесници, а потоа само за тројца корисници. По првите два месеци Microsoft се надева дека компаниите ќе се одлучат за Skype for Business, кој чини 2 долари месечно за корисник. Засега сервисот е достапен единствено за САД, и нема најава кога ќе биде достапен и глобално.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии