Microsoft Edge е новиот прелистувач кој го уби Internet Explorer

Откако претстави кул кул новини на Build конференцијата, како можност за користење на Android и iOS апликации во Windows 10, покажа фантастично демо од HoloLens, Microsoft се реши и да го претстави наследникот на Internet Explorer. Името му е Edge, Microsoft Edge и е прелистувач кој ќе се појави во Windows 10.

Иако Edge има слично лого како Internet Explorer, што не е многу паметна идеја, сепак Microsoft вели дека Edge е комплетно различен прелистувач од ужасниот претходни. Според Microsoft, Edge е побрз од Internet Explorer (зарем не се сите?), има интеграција со гласовниот асистент Cortana, и ќе понуди подобра персонализација, вклучувајќи ја и можноста на Edge да поддржува Chrome и Firefox екстензии, што се добри вести за девелоперите и корисниците. Но, Edge ќе биде врзан само за Windows 10, односно нема да може да се користи со претходните верзии на Windows, ниту има информации дека ќе се користи на други оперативни системи, пред се на Mac.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии