Microsoft е меѓу топ 20-те најголеми потпомагачи на Linux

Фондацијат Linux го објави својот годишен извештај за Состојбата на Linux 2011 (.pdf) во кој е објаснет напредокот во развојот на платформата, како и листата на најголемите придонесувачи во развојот на слободниот софтвер.

Интересно, оваа година и Microsoft, компанијата чиј директор Стив Балмер го објасни слободниот софтвер како „рак“, за прв пат е меѓу топ 20-те компании кои најмногу потпомогнаa да се разивие овој систем. Microsoft се 17-ти на листата на која први се Red Hat и Intel.

Меѓутоа најголем дел од потпомагачите се индивидуални програмери од големи ИТ компании кои работат на слободниот софтвер во своето слободно време или по потреби на проект. Околу 8.000 индивидуални програмери го потпомогнале развојот на софтверот, а, интересно, дури 1.000 од нив се за прв пат меѓу потпомагачите.

[youtube]yVpbFMhOAwE[/youtube]

1 коментар на “Microsoft е меѓу топ 20-те најголеми потпомагачи на Linux

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии