Мicrosoft доби патент за Holodeck технологија

Дали Microsoft планира да го револуционира гејмингот и центарот за домашна забава? Новиот патент на Microsoft, предвидува систем кој прикажува слика на целата околина, поточно на целата соба, налинк на Holodeck што го имаме видено само во научно-фантастичната серија Star Trek.

„Уживањето на корисниците во видео игрите и сродните медиуми може да се зголеми со пореално искуство. Претходните обиди да се зголеми реалноста при играњето  вклучуваа префрлување од две-димензионална на три-димензионална техника, зголемување на резолуцијата на играта,  подобрени звучни ефекти, и создавање на поприродни контролери.“, стои во воведот на патентот.

Станува збор за проектор кој во иднина треба да го замени телевизорот како дисплеј во некоја следна генерација на конзоли. Интересно е што уредот не бара празна соба, туку дисторзираните слики поради предмети во собата ќе бидат корегирани. Освен што ќе се врши корекција според далечината на пречките, корекција ќе се врши и според рефлективноста на материјалот. Покрај ова корекција ќе се прави и со оглед на одалеченоста на играчот што би овоможило додавање на перспектива на игрите.

За жал, засега телевизорот ќе остане главен дисплеј при гејмингот, а остатокот на системот ќе биде да ја направи собата во периферна позадина, односно проширување на телевизорот. Покрај вообичаениот 2Д изглед, во комбинација со 3Д очила, периферната позадина ќе може да се претвори во 3Д околина. 3Д очилата покрај ова можеби ќе ја предземат улогата на примарен дисплеј со што ќе се исклучи потребата од фиксирање на играчот кон телевизорот.

Сепак колку и да се надеваме, новиот забавен центар не е ни блиску до Star Trek холограмите, а нема ниту најава дека  патентот ќе биде изработен барем во прототип. Еден од уредите кој влева оптимизам дека можеби ќе се оствари овој нов чекор во гејминогот доаѓа од вестите кои протекоа во јуни. Станува збор за најавата на Fortaleza очилата, кој треба да бидат слични на Project Glass на Google. Со интегирање на Fortaleza и ваков систем за забава можеби ќе го видиме прапредокот на холодекот на Enterprise.

1 коментар на “Мicrosoft доби патент за Holodeck технологија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии