Microsoft дизајнира паметен часовник

Мicrosoft се вклучи во трката кој прв ќе претстави паметен часовник. Претходно имаше најави дека Apple, Google и Samsung веќе работат на паметен уред со екран на допир кој ќе може да се носи на рака, и ќе биде додаток на паметните телефони кои веќе го заситија пазарот.

Microsoft веќе неколку месеци преговара со производители од Азија за потенцијален паметен часовник, велат директори на компанијата за Wall Street Journal. Ангажиран е и R&D тимот на Microsoft за развој на софтверот. Но, во моментов само се разгледува дали може да се направи паметниот часовник.

WSJ пишува дека инвеститорите и големите ИТ компании „се обложуваат“ на бум на пазарот на паметни часовници кои сега, благодарение на технологијата, можат да бидат помоќни за да користат апликации. Според аналитичарите Gartner, пазарот на мали гаџети може да достигне 10 милијарди долари до 2016-та година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии