Microsoft дава бесплатен софтвер на малите бизниси

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} WebisiteSpark е нов проект на Microsoft со кој се дeлат
бесплатни лиценци за софтвер. Проектот е наменет за програмерите и малите бизниси да го користат Мicrosoft софтверот за развој на апликации и веб сајтови.

WebSiteSpark дава три-годишни бесплатни лиценци за користење на софтверот, пишува Скот Гатри, програмер на Microsoft.

Еве што нуди Microsoft преку оваа програма:

  • 3 лиценци за Visual Studio 2008 Professional Edition
  • 1 лиценца за Expression Studio 3 (со Expression Blend, Sketchflow и Web)
  • 2 лиценци за Expression Web 3
  • 4 лиценци за Windows Web Server 2008 R2
  • 4 лиценци за SQL Server 2008 Web Edition
  • DotNetPanel control panel

За да се добијат лиценците, компанијата, организацијата или индивидуалниот програмер мора да изработува веб апликации или веб сајтови за други клиенти и не смее да има повеќе од 10 вработени.

{mosimage}

WebSiteSpark е дел од проектот на Microsoft за делење на бесплатни лиценци. Претходни проекти се BizSpark за старт-ап компаниите и
DreamSpark клучевите за студенти. Досега проектите беа успех, BizSpark лиценците се поделија на околу 28.000 компании, а DreamSpark лиценците на 2.6 милиони студенти од кои десетина се доделија и на форумот IT.com.mk, благодарејќи на Горјан Јовановски a.k.a HijackHacker.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии