Microsoft Build 2020 ќе биде онлајн, и бесплатен за сите

Поради моменталната ситуација низ светот со коронавирусот COVID-19, сведоци сме како големи конференции и настани се откажуваат скоро секојдневно. Ова важи за сите – од помали настани, до огромни како на пример Game Developers Conference 2020. Иако за многумина ова се далеку од најсјајни вести, факт е дека компаниите и организаторите го превземаат истото за да ги заштитат и своите вработени, и потенцијалните учесници.

Една од овие компании е Microsoft, кои пред скоро најавија дека Microsoft Build 2020, настанот кој е наменет за девелопери и е обично еден од најголемите настани за Microsoft секоја година, овојпат ќе се одржи виртуелно. За разлика од други компании, кои во ваква ситуација често целосно ги откажуваат настаните, Microsoft само го преместува онлајн.

Покрај ова, другата голема новина е што истиот ќе биде бесплатен. Доколку сакате да учествувате, цената за учество која изнесува 2,395 долари нема да мора да ја платите. Покрај ова, ќе има многу содржина достапна онлајн, а 48 часовни работилници ќе се одржат на популарната платформа за стримање, Twitch.

Секако, физички настан и виртуелен се далеку од исти, па Microsoft најавија дека оваа година ќе одат малку поконзервативно. Отварањата ќе бидат пократки, а сесијата за девелопери ќе ја започне Scott Hanselman, кој е главен програм менаџер во Microsoft. Покрај него, ќе имате прилика и да ги видите Julia White, Scott Guthrie, Kevin Scott, Mark Russinovich, Panos Panay, и други.

“Не е Build каков што мислевме дека ќе биде, но ќе биде посебен. Едвај чекаме да ја зближиме заедницата на девелопери за да учат, се поврзуваат, и пишуваат код заедно.”, вели Hanselman. “Посветени сме да ги поддржиме девелоперите со ефикасни иновации кои ќе им го олеснат животот на луѓето, посебно во вакви несигурни времиња.”

Build 2020 ќе започне на на 19 мај, во 11 часот наутро, и ќе трае 48 часа. Сесиите, разговорите и демонстрациите ќе се одржуваат во различни временски зони, а од Microsoft нема да ги изостават и прашањата и интерактивниот дел од настанот.  

При регистрација, Microsoft бара од вас да наведете информации за достава и адреса на која би можеле да примите пратка во текот на месец мај, што значи дека има можност учесниците да добијат пакет по пошта.

Секако, фокусот на Build се девелоперите, па најавите кои се очекувани за овој настан ќе бидат примарно за нив. Доколку сте заинтересирани, може да се регистрирате за настанот на овој линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии