Microsoft со Beam ќе се обиде да им ги растури плановите на Twitch и Youtube

Microsoft е нов сопственик на најбрзиот сервис за стрим во живо, стартапот Beam. Beam ќе биде дел од Xbox и ќе продолжи да овозможува истовремено гледање на стрим и играње.

Во стримовите во живо засега доминираат YouTube на Google, и Twitch кој е дел од Amazon.

Microsoft со Beam ќе се обидат да додадат дополнителна вредност на Xbox, со која ќе се спротистават на PlayStation.

„Користејќи го Minecraft за пример, со Beam нема само да можете да ги гледате вашите омилени стримери. Ќе може да играте заедно со нив, ќе можете да ги предизвикатe стримерите и да направите избор кој ќе влијае на гејмплејот: од избори на алатка, до мисија и движење.“, вели Microsoft на својот блог.

Најголема предност на Beam во однос на конкурентите е исклучително ниското доцнење (латенција). Токму ова овозможува комуникација во живо, наместо вообичаеното доцнење од неколку секунди што и како може да биде проблем во играњето игри.

За корисници на Beam вклучувањето во Microsoft нема да предизвика промени. Влезот во поголема компанија ќе обезбеди повеќе средства и можност за побрз развој.

„Продолжуваме да се фокусираме на алатките кои им овозможуваат на стримерите најинтерактивен пренос. Beam е дизајниран  да работи со сите игри и ќе продолжиме да обезбедуваме пренос на сите платформи. Beam сега е дел од тимот на Xbox, па ќе може да забележите нови функционалности, поинтерактивна интеграција и повеќе нови членови на заедницата.“, вели Мет Салсаменди на блогот на Beam.

1 коментар на “Microsoft со Beam ќе се обиде да им ги растури плановите на Twitch и Youtube

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии