Microsoft бара од HTC да инсталира Windows Phone на нивните Android телефони

IT.mk редакција

во Мобилни

Тајванскиот HTC може да стане нов партнер на Microsoft во промоција на Windows Phone 8 телефоните. HTC e првиот производител кој започна да продава Windows Phone и Android телефони, но по првичните обиди со HTC 8X и 8S, во јуни најави дека нема планови да претстави нови WP уреди. Microsoft пак му понуди на HTC да го инсталира нивниот OС на веќе постоечките Android уреди, како HTC One, а за замена нема да му наплати за лиценцата за користење на софтверот, пишува Bloomberg.

Партнерството може да успее, посебно ако се знае дека и двете компании се мачат на пазарот на паметни телефони. Microsoft ќе добие поголема популарност за својот ОС, кој има само 3,7 отсто од пазарот, а HTC ќе понуди поразновидни уреди кои ќе им ги зголемат приходите и ќе ги остават во игра. Според Bloomberg, преговорите се во рана фаза, но не се исклучува можноста еден уред да може да работи на двата оперативни системи, oдносно да им се даде избор на корисниците да го одберат уредот и одберат оперативниот систем на кој ќе работи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии