Microfost експериментира со бесплатна верзија на Windows 8.1

Microsoft размислува за бесплатна верзија на Windows 8.1 оперативниот систем. Проектот е наречен „Windows 8.1 with Bing“ и е наменет пред се за за корисниците на Windows 7 кои ќе можат бесплатно да ја добијат надградбата, но и апликации како Office, Skype и OneDrive, пишува ZDNet. Надградбата, наменета за Windows 7 корисниците, е со цел да се зголеми учеството на пазарот на Windows 8 и Windows 8.1 кои се присутни на единствено 10,5 отсто од компјутерите. Windows 7 е најзастапен оперативен систем со 47,76 отсто, а дури и Windows XP со 29,3% има поголемо учество од Windows 8.

Целта на ова е да се зголеми бројот на корисници кои ќе ги користат услугите преку облакот на Microsoft. Оперативниот систем доаѓа со Bing SmartSearch што овозможува истовремено пребарување по компјутерот, OneDrive и Интернет. Неодамна компанијата најави и намалување на цената на оперативниот систем за производителите. Дел од вестите најавуваат дека е можно Microsoft да го направи Windows Phone целосно беспатен, а монетаризацијата да дојде од услугите и апликациите.

Повеќе информации од Microsoft се очекуваат следниот месец кога е закажана Build конференцијата за девелопери, но и првата надградба на Windows 8.1.

1 коментар на “Microfost експериментира со бесплатна верзија на Windows 8.1

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии