Microfactory e мини фабрика со 3Д принтер која може да ја чувате на биро

3Д принтерите се еднодимензионални, велат основачите на Mebotics. Замислете 3Д принтер со можност за гравирање и обработка на пластика, метал и дрво, кој работи речиси бесшумно и е доволно мал за да го собере на биро! Токму тоа е проектот на четворицата ентузијасти Џуда Шер, Џереми Фрајер-Бигс, Калвин Доменико и Едисон Гисвеин, наречен едноставно Microfactory.

[youtube]_PuYqM9uFcc[/youtube]

Како 3Д принтањето да не беше доволно револуционерно, па сега со Microfactory ќе може да се обработи принтаната фигура, да се исечат рабовите и да исечат најразлични материјали. Microfactory има четири глави за принтање, што значи дека ќе може да принта во 4 бои или да се користи и за симултано принтање со два различни материјали. Уредот е изработен имајќи ја во предвид околината каде ќе се наоѓа, па сите делови кои претставуваат потенцијална опасност, како запчаници или загреани делови кои се скриени зад капаци или вратнички. Ако ова не е доволно импресивно, постои можност за приклучување на правосмукалка со што Microfactory самостојно ќе се чисти.

„Доколку во вашата база на податоци имате делови за Humvee може да го користите уредот на Wi-Fi hotspot, да го преземете делот кој ви е потребен и да го направите било каде, дури и сред пустина.“, вели Џереми Фрајер-Бигс објаснувајќи ги можностите кои ги нуди Microfactory.

Во план е модел на Microfactory кој ќе може да обработува и челик. Но, реализацијата на тој модел ќе зависи многу од успешноста на Kickstarter кампањата на Mebotics која ќе започне во следните 30 до 60 денови.

[youtube]ImROFDJ1cq4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии