Metamorphosis Foundation и Microsoft ве повикуваат на Tech4Good настан

Metamorphosis Foundation и локалната канцеларија на Microsoft организираат ден на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор. Настанот е насловен, Tech4Good,Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“. 

Станува збор за своевидна промоција на Techsoup Balkans. Преку оваа платформа граѓанскиот сектор може да добие софтверски донации во вредност од 5000 долари. Токму запознавањето на граѓаните со овие можности се можеби и главен мотив за организирање на настанот. Дел од настанот е оставен и за практична презентација на можностите и презентации на организации кои веќе користат бесплатен софтвер.

На овој настан ќе имате можност да научите повеќе за предизвиците со кои се соочуваат невладините организации во Македонија и добрите примери за тоа како технологијата им овозможува на невладините организации да ги спроведуваат работните обврски на полесен начин и да ја исполнат својата мисија. Овие примери ќе ги презентираат организации од Македонија кои за првпат добија дониран софтвер.

Tech4Good ќе се одржи на 16 мај во Конгресниот центар на Спортски саем, со почеток од 10:00 часот. Настанот е бесплатен, но за учество е потребна регистрација. Регистрацијата заинтересираните треба да ја направат до 14 мај до 17:00 часот. За граѓаните кои сакаат да присуствуваат, а доаѓаат од другите градови ќе бидат покриени трошоците во висина на повратен билет.

1 коментар на “Metamorphosis Foundation и Microsoft ве повикуваат на Tech4Good настан

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии