Надополнето: Како полесно и побрзо да вметнeте твит

„Мислиме дека е напорно да се прават слики од на твитови. Но мислиме и дека корисничкото искуство ќе биде подобро ако се споделат @-споменувањата, хаш таговите и самиот профил, сите поврзани и да се кликаат.“ пишува Twitter во пост на својот медиа блог.

Blackbird Pie е во тест фаза, поставена е само на media.twitter.com страната и функционира како алатка во која ја пишувате УРЛ адресата на твитот и добивате HTML код кој го вметнувате во сајтот, исто како што се вметнуваат YouTube видео со „embed” опцијата. Исто како и YouTube видеата, така сега е можно да гледаме се повеќе вметнати твитови или како што Twitter напиша на блог „твитовите се новите цитати“.

Надополнето 05.05.10:

Ксавиер Даман од Publitweet направи одбележник за вадење на HTML кодот на твитовите и нивно вметнување во текст само „со 3 клика, наместо 8 чекори на BlackBird Pie“.

Подребно е да го преземете неговиот одбележувач oд тука, да отворите УРЛ на твит порака и да кликнете на одбележувачот кој веднаш ќе ви генерира HTML код за вметнување на твитот.

Букмаркот глави, функционира само на еден твит, но би требало да се среди, или барем ќе видиме слични вакви решенија за embed твитс.Wed May 05 14:32:30 via Echofon

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии