Messenger Kids достапна во преку 70 нови држави

Иако Messenger Kids е достапна на некои места уште од крајот на 2017 година, истата не беше баш најраспространета. По иницијалното лансирање во САД, Facebook ја пуштија во употреба и во Канада и Перу во 2018 година. Со оглед на моменталната ситуација со COVID-19, потребата за учење од дома е зголемена, со што Facebook одлучија да ја направат истата достапна во повеќе од 70 нови држави.

Извор: theverge.com

Апликацијата е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години, и не бара да имате активен Facebook профил. Причината за ова е федерален закон кој забранува корисници кои немаат 13 години да имаат свој профил. Решението за Messenger Kids е едноставно – нивните профили всушност ги менаџираат нивните родители. Ова им дава прилика на родителите да имаат целосна контрола врз пријателите на нивните деца.

Што е всушност Messenger Kids?

Messenger Kids е бесплатна апликација која не содржи никакви реклами, и податоците за децата не се користат за реклами. Истата е направена следејќи го актот за заштита на онлајн приватност на децата, COPPA. Овој акт е и причината поради која многу онлајн сервиси бараат нивните корисници да имаат навршено 13 години.

Главната функционалност на истата е комуникација преку текст и видео повици, и апликацијата овозможува лесен пристап до разни маски и филтри кои се популарни кај скоро сите вакви апликации. И маските и филтрите се правени да се соодветни за возраста на главните корисници на апликацијата.

Facebook's Messenger Kids update frees parents from having to ...
Извор: knowtechie.com

Како што спомнавме, апликацијата бара родителот на детето кое би ја користело да има Facebook профил, и да се најави со истиот. Профилот на детето всушност бара само име, а контакти се додаваат преку Explore секцијата. Родителите имаат можност да одобруваат контакти, и да одлучат кои од нив ќе бидат прикажани како онлајн за нивното дете.

Што е ново?

Покрај новите држави во кои апликацијата е достапна (целосна листа овде, но за жал не нема на списокот), истата доаѓа и со неколку новини и подобрувања. За почеток, родителите сега можат да им овозможат на своите деца сами да ги менаџираат барањата за пријателство. Родителите ќе добиваат нотификација за ова, и ќе имаат можност да ја отфрлат оваа одлука доколку сметаат дека треба.

Другата промена доаѓа кај групите во апликацијата. Во блиска иднина се очекува родителите да имаат опција да им овозможат на возрасни, како на пример професор, тренер, или друг родител, да имаат контрола врз групи со нивните деца.

И за крај, родителите ќе можат и да овозможат името и профилната фотографија на нивните деца да се достапни за пријатели на нивните пријатели во САД, Канада и Јужна Америка.

И покрај фактот што апликацијата имаше проблеми во минатото, истата е многу корисна во ваква ситуација, и може значително да го олесни учењето на далечина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии