Meshin, семантички персонален асистент за организација на е-сандаче

Според тоа, доколку имате инсталирано Meshin на вашиот компјутер и, да речеме, се занимавате со графички дизајн, алатката може да ви помогне да се подготвите за ненадајно закажан состанок со клиент за кој бледо се сеќавате какво лого барал од вас или со што точно се занимава неговата компанија. Семантички ориентираниот Meshin ви овозможува да ги извлечете сите релевантни електронски пораки, разменетите документи, блог постовите и постовите на Twitter на вашиот клиент, како и сите информации за неговата компанија кои би можеле да одиграат клучна улога во претстоечкиот состанок.

„Проблемот со кој се среќаваме на работното место не е само во тоа што имаме премногу информации. Проблемот е и во наоѓањето, поврзувањето, усогласувањето или организирањето на повеќе парчиња информации на логичен и брз начин, со цел да ги искористиме тие информации за ефективно да си ја вршиме работата“, вели Крис Холмс, главен извршен директор на Meshin. “Тоа е она што Meshin го прави”.

Десен клик -> Play на сликата, за да го пуштите видеото.

Компанијата Meshin е спонзорирана од Xerox Corporation и е дел од истражувачкиот центар во Пало Алто. Таа претставува обид на Xerox за развој на технологии кои би им помогнале на бизнисите да си ја вратат продуктивноста, изгубена поради обидите да се справат со секојдневното бомбардирање со информации.

“Meshin е одличен примерок на следниот бран на алатки за пребарување, кои се повеќе во согласност со начинот на кој луѓето всушност размислуваат, работат и се поврзуваат со други”, вели Софи Вандебрек, CTO и претседател на Xerox Innovation Group. “Развиваме алатки како Meshin бидејќи им помагаат на професионалците, кои обично се пренатрупани со информации, да се фокусираат на содржината и врските меѓу информациите кои се навистина важни”.

Meshin е пуштен во употреба како plug-in за Microsoft Outlook во јавна бета верзија. Холмс објаснува дека нивната семантичка алатка ја креирале за Microsoft Outlook поради фактот што е-поштата е основната алатка за работа во скоро секоја канцеларија во светот, а Outlook е најкористената програма за таа цел. “Сепак, нашите технологии се независни од платформа и можат да се применат и надвор од Outlook”, вели тој.

За да го погледнете демо видеото за Meshin, посетете ја видео страната на официјалниот сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии