Месец на гејминг во организација на МЕСА

IT.mk редакција

во Вести, ИТ.МК

Епидемијата на коронавирус не стивнува, но благодарение на технологијата ова не значи дека друштвениот живот мора да престане. Од минатиот викенд започнаа есенски денови на гејмингот во организација на МЕСА.

„Autumn Gaming Month“ претставува најголем онлајн настан за видеоигри организиран во нашата држава. Видео игрите и еспортот се повеќе земаат замав на глобално и локално ниво, а поради Ковид-19 пандемијата претставуваат еден од најкористените начини на онлајн социјализација и извор на забава, велат од МЕСА

Веќе се одржаа натпреварите во Fortnite, но остануваат уште многу интересни и забавни видеоигри. Натпреварите продолжуваат веќе од среда со Clash Royale.

  • Clash Royale – 18 ноември (среда)
  • Counter Strike Global Offensive – 20 до 22 ноември (петок до недела)
  • Шах – 25 ноември (среда)
  • Dota 2 – 27 до 29 ноември (од петок до недела)
  • League of Legends – 4 до 6 декември (од петок до недела)

Натпреварите во целост се одржуваат онлајн и ќе бидат пренесувани во живо на Mesa Esport и на GG.TV.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии