„Која е улогата не спортот во психолошкиот развој на младите и може ли да се спореди со традиционалните спортови“, ова е темата на првата емисија од областа на е-спортот во организација на МЕСА.
Гости во оваа емисијата е Тијана Ивановска, магистер психолог и поранешен капитен на Hearthstone тимот на Mischiveous и Александар Младеновски магистар по комуникологија.
„Конечно и во Македонија за првпат се поставуваат темелите на електронските спортови!! Нивното разбирање и протолкување во секојдневниот живот како и влијанието врз младите. Со огромно задоволство ви претставуваме една нова, различна емисија која е предводена од стручни и професионални лица на кои пред сè е-спортот им претставува пасија“, велат од МЕСА