MESA Summer Jam се одржува викендов со физичко присуство

По финализирање на он-лајн фазата која се одвиваше од 29.06 до 01.07.2021, „MESA Summer Jam“ преминува во завршница со физичко присуство. Тимовите кои се изборија за позиција во он-лајн делот од овој настан со почеток во 11 часот оваа сабота и 10 часот во недела ќе се натпреваруваат во две исклучително популарни видео игри и тоа „Counter Strike: Global Offensive“ како и „FIFA21“ во просториите на Infomedia Studio, Кисела Вода – улица 1520 бб.

MESA Summer Jam 2021 – MESA

По подолга пауза предизвикана од Ковид-19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство.

„MESA Summer Jam“ е организиран согласно протоколите за превенција на Ковид-19. Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv.

Тимот на МЕСА ги поканува сите заинтересирани претставници на медиумите како и пошироката јавност да го проследат „MESA Summer Jam“ во просториите на „Infomedia Studio“ во Кисела Вода и да се приклучат кон забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите.

Одиме?

1 коментар на “MESA Summer Jam се одржува викендов со физичко присуство

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии