Mercedes Vision EQS: 9 интересни факти за возилото од иднината

Благодарение на технологиите кои допринесуваат до значително подолг живот на батериите, автомобилската индустрија полека се менува. Последната декада е интересен показател за тоа дека електричните возила можат да бидат интересна алтернатива за одредена група луѓе, како и одлично решение за сочувување на околината. Mercedes Vision EQS се заканува да биде следниот еволутивен чекор. Ова се девет кратки, но интересни факти за него!

1. Mercedes Vision EQS е дел од Vision EQS програмата според која се има зацртано компанијата да произведува само карбонски-неутрални возила до 2040 година.

2. Според тврдењето на WLPT, или Worldwide Harmonized Light Vehicle Test Procedure, Mercedes Vision EQS може да помине цели 700 километри без да се надополнува батеријата. Поскапите модели на Tesla, Model S и Model X, можат да поминат 595 километри, што е за 105 километри помалку. Porche Taycan каска зад Vision EQS за цели 250 километри.

3. Mercedes Vision EQS се одликува со систем кој овозможува полнење на батеријата до 80% за само 20 минути.

4. Mercedes Vision EQS постигнува забрзување од 0 до 100 километри на час за 4.5 секунди. Максималната брзина е ограничена на 200 километри на час. Како причина за ограничувањето се наведува мерката да се штеди батеријата.

5. Двата електромотори на Mercedes Vision EQS имаат вкупно 350 киловати, или 469 коњски сили.

6. Поголемиот дел од внатрешноста на автомобилот е од еколошки и рециклирани материјали, како рециклирана PET пластична амбалажа, преработено пластично ѓубре кое се собирало од океаните, како и синтетичка кожа.

7. Помеѓу фаровите на предната страна од возилото, се наоѓаат 940 LED, внимателно распределени на црн панел со кој се добива тродимензионален ефект. На задната страна може да изброите 229 LED.

8. Фаровите кријат холографски леќи во висока дефиниција кои, во комбинација со бројните сензори автоматски препознаваат други автомобили и пешаци и го затемнуваат оној дел кој кој би можел да смета на останатите учесници од сообраќајот, без да се загрозува вашата видливост. Истите тие фарови можат да се користат и како проектори. Со нив, возачот може да проектира најразлични пораки на автопатот и, доколку има потреба, да предупредува или сигнализира одредени работи кои би биле исклучително видливи за останатите.

9. Од Mercedes ветија дека автомобилот ќе се најде на пазарот веќе во 2020 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии