Mercedes претстави автономен камион Future Truck 2025

Mercedes претстави автономен камион кој ќе помогне да се намалат незгодите на автопатите поради премор на возачите. Автономниот камион доаѓа под името Future Truck 2025, и иако не е доволно софистициран за управување по населените места, сепак е повеќе од соодветен за возење на автопатите.

Статистиките покажуваат дека најголем дел од незгодите кој ги предизвикуваат камионите се случуваат токму на автопатите. „Автопилотот“ на Future Truck ќе може да биде вклучен на овие делници, но во град и при вклучување во сообраќај, возачот ќе мора да ја преземе контролата врз камионот. Технологијата која го овозможува ова е vehicle-to-vehicle комуникација која го поврзува камионот со останатите возила на автопатот лоцирајќи ги возилата и истовремено добивајќи информации за брзината.

На видеото може да се забележи како по излегувањето на автопат, камионот самиот ја презема контролата, доколку камионот забележи проблем или се приближи до раскрсница или населено место се вклучува сигнализацијата која го известува возачот дека треба да ја преземе контролата. Mercedes ги презентира податоците за Future Truck 2025 на IАА 2014 саемот кој се одржа од 25 септември до 2 октомври во Хановер.

[youtube]7bFc0rBoFY8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии