Mercedes ќе додаде QR кодови на своите автомобили за побрзо спасување на жрвите од сообраќајки

Mercedes-Benz ќе додаде QR-кодови на своите возила со цел спасувачките екипи да може полесно да дојдат до жртвите кои се заглавени во возилата. Кодот ќе ги пренасочува телефоните на веб страна на која ќе има прикази за најлесниот начин за сечење на типот на возилото. Мерцедес се откажува од правото на интелектуална сопственост врз патентот со цел и останатите компании да можат бесплатно да ја користат оваа иновација.

„Кодот ќе има информации за местоположбата на воздушните перничиња, акумулаторите, резервоарите, електричните кабли, компоненти кои се под притисок, во случај на хибридни возила дополнително ќе има податоци за останатите батерии или високонапонски кабли.“, вели соопштението од Daimler.

QR-кодот ќе биде поставен на две локации во колата, поклопецот кај резервоарот за гориво и на столбот помеѓу двете врати, локации кои ретко се уништуваат во сообраќајни несреќи. По отчитувањето на кодот, веб локацијата ќе даде податоци за возилото како и начинот за најбрзо сечење и отворање на истото.

Сличен проект финансира и Европската Комисија, eCall сервис кој автоматски ќе се јавува на службите за итна интервенција во случај на поголема незгода. Покрај ова ќе ги испраќа и деталите за локацијата, видот на возилото, па дури и податоци за свесноста на возачот, вели BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии