Memorate, платформата за споделување спомени, стана подостапна за сите

Memorate на H-Sense, стартап oснован од Александар Митревски, Јасна Тренгоска и Вилијам Асиама, доби нов апдејт со кој станува поинтересен за користење на Веб. Memorate беше креирана како Windows Phone апликација за споделување на спомени и асоцијации, наречени „мемови“. Но, освен што беше ограничена на WP платформата, споделените спомени беа лични и можеа да бидат прегледуваат на социјалниот хаб на вебсајтот. Сега, со најновата надоградба на стартапот се овозможува да се направат мемови директно од Веб и да се споделат на друштвените мрежи.

Целта на надоградбата на веб, вели Јасна, е да се зголеми функционалноста на платформата и со тоа бројот на корисници кои не се на Windows Phone. Апликацијата е симната околу 6.000 пати од Windows Store, но тимот сака да го зголеми тој број така што ќе понуди сугестии за мемовите и да ги направи поинтересни за споделување. Мемовите на Memorate функционираат како „If – then” функцијата, но се наменети за лични искуства и надополнети со фотографии. За да креирате мем и да го споделите на платформата и на Facebook, треба да надополните слика со текст и да оставите фотографија. Пример, ако првата слика е мачка, тогаш треба да опишете на што ве потсетуваат мачките со други фотографија.

„Оваа надградба на Memorate доаѓа со уште поголема социјална интеграција – сега можете да се најавите на Memoratе со вашиот Facebook профил и да објавувате мем-ови на вашиот timeline, или да ги споделувате мем-овите на вашите пријатели на Facebook или Twitter. Исто така, можете да пишувате и Facebook коментари на интересни мем-ови и да започнете разговор со личност со која сте споделиле слични мем-ови“, вели Јасна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии