MEGA на Ким Дотком со Firefox додаток и Android апликација

Како што најави Ким Дотком пред неколку денови, MEGA додатокот за Firefox е достапен за преземање. Додатокот е разгледан од страна на Mozilla која рече дека е безбеден, така што корисниците ќе може без никаков страв да го користат.

Од денес, сите корисници на MEGA ќе добијат известување дека е достапен додаток за Firefox, а со негово инсталирање тие ќе добијат подобрени перформанси и преземање на неограничен број на датотеки без никакво ограничување во големината.

Сепак, додека се одлучите да го користите MEGA без екстензија, Ким Дотком препорачува да инсталирате Chrome. Инаку, во текот на минатата недела овој сервис доби и своја Android апликација која може бесплатно да се преземе од Google Play.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии