Mega на Ким Дотком сега е достапна и на iPhone

Облак складиштето на Ким Дотком, Mega, конечно ја доби најавуваната апликација за iOS. Апликацијата за iPhone беше ветена уште пред четири месеци кога излезе Android верзијата. Корисниците на iPhone сега полесно ќе можат да споделуваат фајлови или едноставно само набрзина да ги прегледаат. Засега нема синхронизација со камерата, но според најавата оваа опција ќе дојде во некоја од следните надградби заедно со iPad верзијата.

Следен чекор за Mega облакот е верзија на апликацијата за десктоп платформите и тоа според најавата за сите оперативни системи: Linus, OS X и Windows. Месечната претплата за Mega е 11 долари или 120 долари годишно, а за оваа сума претплатниците имаат 500 GB простор и 1.000 GB сообраќај.

2 коментари на “Mega на Ким Дотком сега е достапна и на iPhone

  1. 50 GB простор е бесплатно и на десктоп платформите веќе функционира преку Safari, Firefox и Chrome.
    11$ месечно е за 500 GB простор и 1000 GB bandwidth.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии