Мега на Kим Дотком ќе нуди 50 GB бесплатен простор

Ким Дотком, контроверзниот основач на сега-изгасениот Megaupload, го стартува својот нов проект за споделување фајлови Mega со „великодушно“ ветување дека сите нови корисници ќе добијат 50 гигабајти бесплатен простор. Ова е многу повеќе простор од сите други популарни веб складишта. За повеќе простор до 4 терабајти, ќе се наплаќа од 10 до 30 долари месечно.

 

Mega, според раните корисници кои имаат пристап, наликува на Dropbox и на другите веб складишта. Има фолдери со фајлови, инбокс и таб за контакти која во моментов не е достапна. Според информациите кои можат да се видат на сајтот (не е достапен за сите во моментов), Mega има амбиција да има сервиси како инстант месенџери, десктоп и мобилни клиенти, и енкриптирано споделување на фајлови.

Како и Megaupload, и Мега e хостиран во Нов Зеланд, што е малку чудно бидејќи новозеландската влада соработуваше со властите од САД да го уапсат Ким Дотком, кој е германски граѓанин кој живее во островската држава.

 

1 коментар на “Мега на Kим Дотком ќе нуди 50 GB бесплатен простор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии