Meet the Masters на Musala Soft го донесе Питер Кринс, предводник на OSGi во Скопје

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Овогодинешното издание на конференцијата Meet the Masters, организирана од Musala Soft одржа предавања за IoT, Project Delivery, Declarative programming, Quality Assurance, Java vs .NET, многу награди и дружење беа дел од атмосферата која владееше на настанят.

Публиката имаше прилика да дискутира со keynote спикерот на конференцијата, Питер Кринс, кој ја претстави темата “Building modular IoT with bundles. Most importantly, it works!“. Питер Кринс е еден од предводниците на OSGi, технологија која овозможува ефикасен програмски модел за Java апликации за потреби на IoT решенија. Тој има долгогодишно програмерско искуство за големи компании како Ericsson, Intel, Adobe и многу други.

Питер Криенс, предводник на OSGi на Meet the Masters, Скопје

„Размена на искуства и вештини се дел од долгорочната стратегија на корпоративната, општествена одговорност на компанијата и го изразуваат мотитвот на Musala Soft да придонесе за развојот на ИТ секторот, преку споделување на експертиза и знаење. Заедничките напори на земјите од Балканот можат да придонесат за подобро меѓународно позиционирање и севкупен успех на софтверската индустрија. За три години, тимот на Musala Soft во Скопје достигна бројка од скоро 200 професионалци. Продолжуваме да растеме со стремеж дека до 2020 година ќе бидеме 1000 вработени.“ – изјави Делјан Лилов, Извршен директор на Мусала Софт.

На штандовите на Мусала Софт, публиката имаше можност да се информира и да разговара со експерти на Musala Soft во сферите на Augmented Intelligence + Big Data, Cloud, IoT и QA, како и за можностите за кариерен развој во компанијата.

Meet the Masters е годишна конференција, организирана од софтверската компанија Musala Soft. Настанот, секоја година има за цел да обедини софтверски инженери, ИТ професионалци и предавачи од сферата на технологии, иновации, трендови, процеси и меки вештини (soft skills).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии