MeeGo ќе биде заменет со нов Linux базиран оперативен систем, Tizen

Intel планира да го прекинe развивањето на мобилниот оперативниот систем MeeGo и да започнe со креирање нов слободен оперативен систем наречен Tizen. Овој оперативен систем ќе биде воден од фондацијата Linux во соработка со фондацијата Limo, чиј член е и Samsung. Техничкиот тим за овој проект ќе биде составен од Intel и Samsung.

Новиот оперативен систем Tizen ќе наследи два оперативни системи, MeeGo и LiMo, оперативен систем кој го има на околу 60 различни уреди скоро сите во Јапонија. Своето лансирање Tizen треба да го доживее во првата половина од 2012 година, заедно со алатки за развивање на софтвер. Првите уреди кои ќе го користат овој оперативен систем би требало да се појават во средина на наредната година. Tizen ќе подржува повеќе видови уреди: паметни телефони, таблет компјутери, паметни телевизори, како и автомобилски електронски уреди.

Според директорот за слободен софтвер во Intel, Имад Сусуд, иднината им припаѓа на апликациите базирани на HTML5 и главната улога во новиот оперативен систем ќе ја има токму оваа технологија. Покрај HTML5, Tizen ќе има интегрирана подршка за развивање на веб апликации, со цел девелоперите да користат една платформа на која ќе можат да развиваат апликации кои ќе работат на голем број на уреди без да мораат да зависат од нив. Според Имад Сасуд, Intel во наредниот период ќе даде сè од себе да им помогне на корисниците и девелоперите на MeeGo што полесно да се префрлат на новиот оперативен систем.

Се разбира реакциите за одлуката на Intel да го напушти развојот на MeeGo не се најпозитивни. Како што може да се забележи од коментарите на официјалниот блог на MeeGo, заедницата која го користи MeeGo не е воопшто задоволна со оваа одлука на Intel. Linux фондацијата од друга страна никаде не потврдува дека го прекинува развојот на MeeGo.

Оперативниот систем MeeGo, кој се појави во февурари 2010 година, како комбинација помеѓу Moblin на Intel и Maemo на Nokia,  до сега успеа да се појави на само еден паметен телефон, Nokia N9, телефон кој моментално треба да се појави на пазарот. Откако Nokia реши да се префрли на Windows Phone, Intel изгубија хардверски партнер, оттука потребата за нов оперативен систем кој ќе биде подржан од хардверска компанија, во случајот со Tizen тоа е Samsung.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии