Дваесет и пет отсто од македонците имаат Facebook профил, додека турските 17.5 милиони корисници се „само“ 24.34 отсто од севкупното население од 70 милиони. За жал нема официјални информации за Албанија, Косово и Црна Гора.

Во Македонија пред 10 месеци бројката на Facebook корисниците беше 150.000, односно 6.9 отсто од населението. Сега таа бројка достигна над 525.000 корисници од 13 до 64 години, според статистиката на Facebook.

Сличен пробив на друштвената мрежа има и во останатите земји, за само 10 месеци во Турција од 9 милиони станаа 17 милиони. Во Србија за 10 месеци бројката на Facebook корисниците се дуплираше, од 650.000 до 1.5 милиони.

Eве како изгледа растот на Facebook во Македонија. Според Facebakers Македонија е на 65 место според бројот на корисници и забележува раст од 10%.

Ова е неверојатен раст за толку кратко време! А знаејќи дека Facebook стана секојдневие, имаме и вести и дебати за неговото значење низ медиумите, тогаш единствено што може да очекуваме е овој раст да продолжи. Поздрав и се гледаме на Facebook. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии