Медиуми, блогери и дизајнери, не мора да крадете фотографии! Има подобар начин

И покрај јавното мислење, содржината на Интернет не е бесплатна за преземање. И покрај обидите да се игнорираат, сепак постојат авторски права кои мора да ги испочитуваме. Тоа посебно важи за македонските медиуми, блогови и дизајнари кои преземаат авторски дела без да ги потпишат фотографите, ниту пак имаат намера да им платат. Најчестото оправдување е дека „тие се во странство, далеку се“. Но, тоа е само глупав изговор.

За среќа, има покул начин да се дојде до квалитени фотографии за вашиот сајт или друго креативно дело. Ако водечките сервиси како iStockPhoto, Flickr, Demotix, Shutterstock, 500px и други, им понудија на фотографите да си ги заштитат делата и да заработуваат од нив, продавајќи им ги на медиумите ширум светот: во исто време тие сајтови креираа средина во која се правеа серијали на грди stock фотографии кои евентуално беа купувани од блоговите и медиумите. Платените сервис остануваат најголеми библитеки за актуелни фотографии, но грдите stock слики натераа разни дизајнери и фотографи да ги ослободат своите дела за комерцијална употреба за да помогнат убавиот дизајн да биде на прво место.

Планот на овие сајтови им е едноставен и одличен. Некои, како Gratisography и Superfamous, ги ослободуваат дел од своите фотографии (со атрибуција) за да си ги промовираат вештините и дизајнот. Death to Stock ги ослободува правата со цел да привлече имејл претплатници и да им продаде веб дизајн. Други како Unsplash и Stocpic имаат цел да креираат заедница со единствена намера да им помогнат на дизајнерите. LittleVisuals, Snapwire Snaps и Lifeofpix ги имаат ослободено комплетно правата на фотографии во јавниот домен.

Но, за сите фотографии треба да обезбедите атрибуција и да ги почитувате правилата. Скоро сите фотографии кои се споделуваат на FreeImages се заштитени со нивна лиценца. Атрибуцијата е често задолжителна преку Creative Commons за фотографиите на PicJumbo и IM FREE, коj собира слободни фотографии од Flickr. Tреба да знаете дека ако се ослободени од авторски права, сепак не може да ги продавате фотографиите ако не ви е дозволено поинаку. Слични сајтови се Snapographic, Kaboompics, Lock and stock photos.

Aко пак сакате историски фотографии, неодамна Internet Archive ослободи 2,6 милиони фотографии, со најава за уште 10 милиони. Добар извор на историски фотографии е и New Old Stock. За актуелни фотографии од настани и светски случувања за жал ќе треба да се претплатите на платените сервиси. За македонски настани, засега не знаеме за фотограф кој ги има ослободено своите дела.

Сите сајтови имаат куп неверојатни и кул фотографии кои ќе го направат вашиот сајт да биде поубав, но истовремено од вас, како некој што користи нешто слободно, се очекува да бидете фер и да дадете атрибуција и да донирате.

1 коментар на “Медиуми, блогери и дизајнери, не мора да крадете фотографии! Има подобар начин

  1. Токму така, атрибуцијата не е голема работа за тие кои не ја користат, а за тие кои ја користат уште една можност за градење мостови на разбирање и секако поздравување на талентите и авторите outthere! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии