Medium објави iPhone апликација, но само за читање на блог постовите

Новата платформа за блогирање, Medium, стартувана од Еван Вилијамс кој го направи и продаде Blogger на Google, и кој е ко-основач на Twitter, сега доби iPhone апликација преку која ќе може да ги читате блог постовите, но не и да постирате текстови. Според г. Вилијамс, Medium треба да ги промени блоговите (повторно, по Blogger) и да го смени начинот како споделуваме содржина. Како што вели, илјадници луѓе пишуваат на Medium, а платформата треба само да им го „зајакне нивниот глас“.

За разлика од традиционалните блогови на кои сме навикнати, Medium е платформа која ви сугерира популарни постови или постови од корисниците кои ги следите. Бидејќи Medium на почеток стартуваше со покани на одберени контрибутори, автори и блогери, за многу брзо време платформата стана извор на релевантни и квалитетни постови за се и сешто. Благодарние на таа содржина и на дизајнот на сајтот, Medium сега изгледа како еден огромен магазин. Дири и мобилната верзија е направена минималистички, со текст на цел екран и брзо лизгање за скокање од текст на текст, за да може да се внесете во содржината и да уживате во читањето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии