McAfee со спам експеримент

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Неочекувано од McAfee – експеримент наречен The S.P.A.M. кој ќе трае еден месец во кој група на 50 доброволци од 10 земји ќе земат активно учество, односно ќе бидат спамирани секој ден и ќе ги блогираат своите искуства со цел да ја прикажат вистинската опасност која може да произлезе од спамот.

Идејата позади овој експеримент е да се образуваат луѓето дека постои вистинска опасност од спамирањето и дека е искористено за многу криминални дела. Проектот исто така ќе демонстрира на каков се начин сајбер криминалците се снаоѓаат за да ги избегнат спам филтерите и како успеваат да го добијат саканиот резултат од интернет корисниците. Сите учесници во експериментот ќе го прават тоа што никој намерно не го прави со спам пораките.

За да ги следите случувањата од овој експеримент, посетувајте го официјалниот сајт на проектот и читајте ги блоговите.

Во експериментот се вклучени учесници со разни професии (студенти, сметководители, професори и др.) од Велика Британија, САД, Франција, Шпанија, Германија, Италија, Холандија, Австралија, Бразил и Мексико и секој од учесниците ќе го блогира своето искуство на својот јазик.

На крај на месецот, експерти од компанијата ќе ги анализираат искуствата и ќе достават совети за како обичните корисници да ја избегнат опасноста.

Морам да признам – доста иновативно од McAfee.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии