McAfee се ребрендира во Intel Security

Анти-вирусот McAfee наскоро ќе престане да постои и ќе биде интегриран во Intel под името Intel Security. Станува збор за ребрендирање на антивирусот кое започнува веднаш, а ќе заврши до крајот на 2014 година. Ребрендирањето го најави лично извршниот директор на Intel, Брајан Крзанич, а е дел од многуте објави кои ги има Intel на најголемиот саем за технологија, CES 2014, кој се одржува во Лас Вегас од 7 до 10 јануари.Логото на McAfee – црвениот штит – ќе остане, а ребрендирани ќе бидат следните верзии на антивирусот. Ребрендирањето е забрзано од неколкуте испади кои ги имаше неодамна Џон Мекафи, велат од The Next Web.

“Сега сум им бескрајно благодарен на Intel што ме ослободија од ужасната асоцијација со најлошиот софтвер на планетава. Ова не се мои зборови, туку зборови на милиони иритирани корисници. Мојот занес од одлуката на Intel ме остава без зборови.“, изјави контраверзниот основач на компанијата Џон Мекафи за BBC.

Intel најави дека делови на софтверот за мобилните уреди вклучувајќи ги iOS и Android уредите ќе бидат бесплатни. Повеќе податоци за ова компанијата најави во следнте неколку месеци, за кога и се очекуваат новите верзии на софтверот се разбира под Intel Security.

„Целта на Intel е да обезбеди сеприсутна безбедност и заштита на идентитетот на поединците и компаниите и е лидер во индустријата преку овозмоѓување на безбедно дигитално искуство за секој човек на Земјата“, вели г. Крзанич.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии