Maxthon е одлична алтернатива за вашите прелистувачки навики

Сите оние кои се презаситени од постојаното, монотоно и неисполнително искуство со стандардните прелистувачи како Chrome, Firefox или Edge, би можеле да побараат утеха во малку поразличен прелистувач.

Најновата, петта верзија на Maxthon изобилува со исклучително корисни опции за прелистување. Првото нешто што ќе забележите е Maxnote, односно интегрирана алатка која ви дозволува да чувате забелешки за посетените веб страни, како и да сочувате разни веб содржини.

Читајте и организирајте ги собраните содржини од која било направа и до 1GB

Passkeeper е паметен менаџер кој има за задача да создава, автоматски пополнува и чува лозинки и приватни информации. Passkeeper се одликува и со можност за синхронизација низ сите направи, така пто не морате истата лозинка да ја пишувате и преку вашиот лаптоп или таблет.

UUMail, пак, ви дозволува инстантно и брзо креирање виртуелни и-мејл сметки за неколкукратни употреби. На овој начин вашиот главен акаунт останува целосно заштитен, а за сајтови од мала важност или сомнителна природа добивате второстепени мејлови.

Од други новитети кои се провлекуваат со петтата верзија, вредно е да се истакне дека делот за брз пристап (Quick Access Screen) додатно е подобрен, а одново е воведена и функционалноста за одделување екрани (split-screen).

Maxthon располага со соодветна Windows верзија, но и верзија за Android и iOS. За да ги проверите потенцијалите на овој прелистувач, меѓутоа, не мора ништо да инсталирате бидејќи прелистувачот се одликува и со пренослива верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии