Дефинитивно Google Chrome направи да сите прелистувачи да го ископираат неговиот изглед. Тоа се случи прво со Mozilla Firefox кога се користеше темата Strata40, потоа продолжи Opera со верзијата 10.5, подоцна Mozilla Firefox ја издаде првата бета верзија и следен прелистувач на листа излезе Maxthon 3.0 beta. Оваа верзија на Maxthon дефинитивно ми го привлече вниманието, за разлика од порано кога го користев 20 минути и веднаш го избришав. Изгледот е подобрен, јазичињата се сместени горе, менито е изменето на многу интересен начин кое подобро ќе го објаснам малку подоле.

Исто така изменет е изгледот на почетната страна, која е „позајмена“ од Opera и прави сурфањето по интернет да биде полесно и интересно.

Менито е стеснето во едно копче каде што може да се искористи ваша слика. Потребна е регистрација за да се постави своја слика. Во опциите се наоѓаат 4 подменија : [1] General, [2] Mouse Gesture, [3] Magic Fill, [4] Smart Address Bar.

Во подменито [1] General се наоѓаат основните работи за еден прелистувач од кои се:

  • [5] Startup Page – што да се појави на почетната страна;
  • [6] Homepage – која да биде домашната страна;
  • [7] Default Search – кој да биде примарен пребарувач;
  • [8] Default web browser – дали Maxthon да биде или да не биде примарен прелистувач.

Во подменито [2] Mouse Gesture се наоѓаат опции за интеракција со глувчето:

  • [9] Enable Mouse Gesture – опција за да има или нема интеракција со глувчето;
  • [10] Mouse Gesture Trail’s Color – опција за измена на бојата на патеката од интеракцијата со глувчето.

Во подменито [3] Magic Fill се наоѓаат опциите за зачувување на лозинки:

  • [11] Enable MagicFill – опција за зачувува или не зачувува лозинки;
  • [12] Опции за лозинки (да ја покааже лозинката, да се избрише лозинка…).

Во подменито [4] Smart Address Bar се наоѓаат опциите за адресарот на веб страни:

  • [13] Enable Smart Address Bar – да функционираат дополнителните функции на адресарот или да не фунцкионираат;
  • [14] The number of results suggested – колку предлози да нуди адресарот по внесен текст;
  • [15] More suggestions – опција за повеќе предлози (да ги прикаже фаворитите и историјата).

Се на се заклучив дека брзината на приказ на веб страните е задоволителна, изгледот е најдобар од сите прелистувачи (по мој вкус) и лесен за користење. Дефинитивно препорачувам да се испроба, подоцна лесно е да се избрише. :) Поздрав

Оценка: 9/10 | Maxthon 3.0 beta – симни од тука :)

24 коментари на “Maxthon 3.0 бета – уште еден прелистувач

  1. Златко, секоја чест за рецензијава…

    А за негативните критики погоре можам да забележам дека воопшто не се разбираат од ИТ -.-

    Ко прво најПОПУЛАРЕН е FireFox но тоа не значи дека е и најДОБАР нели?

    1. се согласувам со твоето мислење, многу невкусно е да зборуваш а да не ги знаеш точните факти…фала за искреното мислење :)

      поздрав

      1. Што е точно, точно е нели?

        Наместо да „гугалте“ малце вие само зборите без врска…

  2. Хехе. Ако идејата на членовите од заедницата Mozilla била прва,а Chrome ја украле и ја реализирале – не значи дека другите крадат.

    Друго, Opera си е ОК можеби и кај мене си има 9.5 , ама Chrome 10ка?! Колку пати користејќи DNS Resolve Cache ми го блокира табот? Друго , Firefox би заслужил 100ка кај мене.

    Сваќам дека си прв и дека лошо си почнал , ама не ги потценувај WordPress и Firefox. Гледам на блогот го навредуваш WordPress.

    Само за инфо,сајтов е во WP и заслужува 10ка , а твојот блог со никаква содржина 1ца. Без причини неможеш да даваш оцени. И после секој си има свое мислење.

    Нов си ова , батка.

    1. Друже да не бидам некултурен и кретен, дај прво прочитај си малце и едуцирај се, ти оставив линкови, прво прочитај си па потоа кометирај, ни планирам да ја напаѓам ни WordPress а ни Firefox, тоа се само оценки кои јас ги имам дадено по МОЕ мислење и не се најточни на цел свет. Ако гледав се да биде точно, рецензијава ќе беше подолга и попрецизна. Прво прочитај што пишав на мојот блог, дека ветувам да ги пишувам моите статии скратено, просто и убаво за секој да разбере а не само тие што се разбираат од ИТ. Точно дека it.com.mk заслужува 10ка (знам дека е во WP :S ), исто и јас мислам, али кој си и ти да кажуваш дека мојот блог е 1? И батка, за твоја информација не сум нов, одамна сум навлезен во ИТ. Ова е моето мислење и знај си за понатаму дека секој има свое мислење…

      Поздрав

      п.с. тоа што си фан на Mozilla Firefox не ти дава слобода да го наметнуваш мислењето на сите дека Mozilla Firefox е најдобар прелистувач. :Р

    2. абе иди уби се ти мозила фајр фок 3.6 ако е подобра од хром јас го сечам *** мозила ако гледаме би заслужила 6/10 спора ко трактор изглед катастрофа само додатоците ама мене не ми се потребни и јаде многу рам додека хромот изглед 500 подобар функционалност едноставност јаде најмалку рам од сите броусвери и оценка би му дал 9/10 зошто има неколку багови кој и не се толку големи а мозилата дури да отвори страница 2 сати чекам мозила = срање Сеа оваа ке биде подобра 4-ва ама за 3.6 е срање и ај не ме нервирајте со вакви глупи постови/ коментари. Позздрав B)

      1. Многу лесно си го сечеш. Еден ти е.

        Ако се нервираш лесно, монтирај си две рачки на ѕид, фати се цврсто за нив и мавај со глава … ќе ти помине.
        Претходно, напиј се чаша вода, и — подалеку од ножеви :)

    1. па вака, по мое мислење Chrome има чиста 10ка, Opera 9.5 а на Firefox и давам 8 ептен ради додатоците. Секој си има свое мислење и тоа го почитувам.
      Поздрав

      1. ок, мое мислење
        Не може на бета верзија да се дава 9ка, тоа никако.
        Не може да се да дава 9ка за прелистувач за кој 9 од 10 испитаници сигурно не слушнале.
        Не може прелистувач кој нема поддршка за други ОС освен Виндовс да има 9ка.
        Кај Фајрфокс додатоците се гооолема предност, а не да се одзема во оценката. Користам исклучиво Фајрфокс со години и уште не би му дал 10ка, може секогаш и подобро и постабилно и побрзо.

      2. друже ни мислам дека сум најточен со овие оценки но сепак јас така мислам. Моите искуства со Firefox се лоши, со Chrome се супер а со Opera така-така. Секој си има различни искуства. Моите оценки не се базираат по тоа дали може на повеќе оперативни системи да биде снимана, оти е бета или за нечуен продукт, оваа оценка ја дадов по следниве делчиња:
        -излгед,
        -брзина,
        -лесна за користење.

  3. Глупости. Mozilla никогаш не украла ни мал елемент. Таа е првата меѓу прелистувачите со идејата за табовите горе и тој дизајн.

    #FAIL ZlateWay!

    1. Cmon дај малку кредит на човекот кој пиша ок рецензија за нов прелистувач. Mozilla можеби 10 години размислува за табови горе, ама прво се појавија со Chrome.

    2. ок, секој си има свое мислење, али фактите неможат да се побијат, еве зошто: http://0.mk/b128 (линк за историјата на Firefox) и http://0.mk/9765 (линк за Google Chrome) и само спореди го датото на излегување на Mozilla Firefox и Google Chrome. Инаку ако сметаш деке темата Strata40 за Firefox направи да биде Firefox прва со таа идеја, пак си згрешил. И една поправка, Mozilla е компанијата која го создаде прелистувачот Firefox.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии