Mass Effect: Legendary Edition најверојатно ќе излезе на 12 март

Мартин Јованчевски

во Вести

Mass Effect: Legendary Edition е римастер колекција од култната научно-фантастична трилогија со Шепард. Иако издавачот ЕА не го открива датумот на излегување, неколку онлајн продавници во Сингапур и Индонезија веќе објавија дека легендарното издание е планирано за 12 март.

Бројни фанови на трилогијата со нетрпение ја очекуваат Mass Effect: Legendary Edition. Пред неколку месеци е откри дека сите три игри ќе се одликуваат со надградени текстури, шејдери, модели, ефекти и технички карактеристики. Под услов да имате соодветен хардвер, сите игри ќе можат да се играат во целата 4K Ultra HD слава, а ќе бидат вклучени и сите додатоци и промотивни пакети, нешто што значително го проширува искуството во втората и третата игра.

Она што ние би сакале да знаеме е по која цела би се продавало легендарното издание и дали ќе има одреден попуст за претходните сопственици на игрите. Ако историјата е некаков показател тоа е дека PC гејмерите кои веќе ги имаат игрите на Origin или Steam би можеле да добијат 50% попуст на вкупната цена од 60 евра. Ова, меѓутоа, е чиста шпекулација и пуста желба од наша страна.

Bioware веќе работат на нова игра од Mass Effect универзумот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии