Mass Effect: Andromeda станува дел од Origin Access програмата

Origin Access ви дозволува да играте над 75 PC игри за месечна претплата од 4 евра или пак годишна претплата од 25 евра.

Најновата игра која станува дел од програмата е Mass Effect: Andromeda. За жал, најновата RPG игра не успеја да го ревитализира саканиот серијал и од EA се надеваат дека со ваквиот потег, повеќе гејмери би можеле да го искусат чедото на BioWare.

Mass Effect: Andromeda не е единственото нешто што ќе биде вовлечено во трезорот на Origin Access програмата. Star Wars Battlefront 2 Play First Trial ќе ви дозволи да ја проверите играта пред официјалното излегување, а и ќе се овозможи десет часовна проверка на Need for Speed преку Payback Play First Trial.

Од друга страна, уживателите на EA Access, програмата која е за Xbox One гејмерите, ќе им дозволи пробен период за The Sims 4 пред излегување на играта за конзолите, како и да ја искусат целата приказна во Dead Space 3.

Точните датуми се непознати, но издавачот ветува дека сево ова ќе биде овозможено некогаш помеѓу октомври и декември 2017 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии