Mass Effect: Andromeda ќе има само бесплатни DLC-а за мултиплеерот

Третата Mass Effect игра беше воедно и првата игра на Bioware со мултиплеер, а сите пет додатоци за мрежниот дел на играта беа бесплатни. Ова се покажа како паметна пракса, затоа што не само што се избегна сегрегација на гејмерите, туку и се создадоа подобри услови за заработка преку микротрансакцискиот дел од играта, односно купувањето loot crates со валутата од играта или со вистински пари. Истиот систем со микротрансакции се имплементира и во Dragon Age: Inquisition, а по сѐ изгледа повторно ќе се врати со Mass Effect: Andromeda. Bioware официјално најавија дека сите последователни DLC-а за мрежниот дел на Mass Effect: Andromeda ќе бидат бесплатни. Покрај мапи, би можеле да очекуваме и нови ликови, опрема и способности, а кутиите со плен и понатаму остануваат како исклучително примамлив начин за коцкање, особено кога ќе решите да одите по полесниот, но поскапиот пат.

Mass Effect: Andromeda излегува на 23 март за PC, PS4 и Xbox One и доколку сте претплатени на Origin Access програмата (25 евра годишно или 4 евра месечно), покрај тоа што можете неограничено да играте квалитетни наслови, ќе можете и да заиграте 10 часа бесплатен пробен период. Пробното тестирање започнува веќе од 16 март и ќе ви дозволи да ја проверите и кампањата и мрежниот дел. За тие 10 часа, меѓутоа, имате на располагање само неколку мисии од кампањата (како со случајот со Mirror’s Edge Catalyst) и откако ќе ги завршите, со преостанатите часови ќе можете да се префрлите во мрежниот дел. Вакви ограничувања нема да има во мрежниот дел, а сè што ќе спечалите се префрлува кога и ако ја купите играта.

Возбудени за некоја друга игра овој месец? Погледнета ја нашата листа од игри кои ќе излезат во март!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии