Mass Effect: Andromeda има два хероја!

Мартин Јованчевски

во гејминг

За разлика од Mass Effect трилогијата каде Шепард постоеше како уникатна индивидуа, Andromeda ќе оди со малку поразличен концепт. Имено, новиот херој, Рајдер, ќе доаѓа во две верзии кои ќе коегзистираат во универзумот.

„Она што многу луѓе не разбираат“, почнува креативниот директор Мак Волтерс, „ е дека овие двајца се брат и сестра. И двајцата егзистираат во универзумот во исто време. Па така, доколку играте како сестрата Рајдер, вашиот брат е некаде во универзумот.“

Она што можевте да забележите од горниот трејлер е целосно новиот гејмплеј од играта кој беше прикажан за време на PlayStation 4 Pro reveal настанот и целосно се посветува на братот и техничките можности на најновата верзија на Frostbite енџинот, поточно 4К приказот. Трејлерот од Е3 2016 пак, ни ја прикажа сестрата, а трејлерот од E3 2015 нивниот татко.

Е3 2016

Е3 2015

„На некој начин го откривме целото семејство Рајдер“, дообјаснува Волтерс и ветува дека ќе се надоврзат со имиња и многу повеќе во иднина. Последното нешто што го кажа беше потврдата дека Mass Effect: Andromeda лансира за PlayStation 4, Windows PC и Xbox One во првата четвртина на 2017 година.

Доколку сакате да ја играте трилогијата, како и уште 34 други ААА/ инди игри, мало потсетување дека Origin Access програмот го овозможува таквото нешто за само 250 денари месечно. Згора на тоа, добивате 10% попуст на сите игри од продавницата и ексклузивен пристап до демо или временско-ограничени игри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии