МАСИТ со барање за автентично толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ побара од Собранието на Македонија автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност. Барањето покрај МАСИТ го поддржа и Меѓународната невладина организација Македонија2025.

„Барањето за автентично толкување се јави како потреба врз основа на анализите и сознанијата за одредени проблеми со кои се соочуваат компаниите, во однос на даночниот третман при извоз на услуги. Имено, на компаниите им се наметнува обврска за неосновано засметување и плаќање на ДДВ, што беше главниот двигател за актуелизирање на прашањето за создавање на стабилна и предвидлива законска рамка, без простор за правни празнини при имплементацијата на постојните законски решенија“, велат од МАСИТ.

Владата даде позитивно мислење за подобрување на предвидливоста на законските решенија. МАСИТ поради ова го испрати барањето до Парламентот на Република Македонија. По барањето за автентично толкување треба да се произнесе Законодавно-правната комисија во Собранието на Република Македонија.

1 коментар на “МАСИТ со барање за автентично толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии