МАСИТ со повик за иновативни решенија

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Image courtesy of MASIT

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и оваа година ќе доделува награди за најиновативни ИКТ решенија. Најдобрите локални решенија ќе бидат номинирани за учество на светскиот настан „2018 WITSA Global ICT Excellence Awards“.

Повикот е отворен за сите компании и за членките на МАСИТ, но и за оние кои не се дел од комората. Право на учество имаат сите компании кои имаат готово решение кое се користи во Македонија. Пријавите може да се поднесат до 21 ноември. Иновативните технологии се поделени во неколку категории:

  • Иновативни ИКТ решенија во јавниот сектор;
  • Иновативно решение во приватниот сектор;
  • Решение за дигитални можности;
  • Решение за одржлив раст;
  • Извонредни мобилни решенија;
  • Иновативни решенија во здравството;
  • WITSA награда за нови дигитални решенија;
  • Награда за дигитална инклузија.

Повеќе податоци за учеството и за категориите може да прочитате на веб-страницата на МАСИТ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии