Надополнето: МАСИТ ја одложи студентската ИТ олимпијада

</надополнување>

Првите ИКТ студентски олимписки игри ќе се случат на 25ти и 26ти септември 2010 година, а нивната цел е да бидат мега конкурс за вработување на најдобрите апсолвенти од сите образовни институции. Олиписките дисциплини се проверка на знаењето за Javа, .NET, Embedded, компјутерски мрежи, бази на податоци, веб дизаjн и е-бизнис.

Официјално настанот е организиран од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), но во позадинатa како „организационен комитет“ стојат неколку македонски ИТ компании кои ќе добијат „пристап до база на најдобри студенти кои ги продуцира ИКТ образовниот систем.“

„Една од целите на настанот е да се привлечат најдобрите студенти и преку фер и објективни
тестирања да се констатира кои се најдобрите меѓу нив. Настанот, меѓу другото, има цел да
им понуди можност за вработување на најдобрите студенти. Конечно, овој настан е замислен
за да помогне во решавањето на отворените прашања кои постојат помеѓу индустријата и
академијата и истиот ќе влијае во прилагодување на курикулумите во согласност со барањата
на пазарот.“ се вели во соопштението.

Повеќе информации ќе најдете на официјалниот сај ictolympic.masit.org.mk.

3 коментари на “Надополнето: МАСИТ ја одложи студентската ИТ олимпијада

  1. Фала Никса, што ја дополни темава.
    Тоа и ми беше поентата — немам ништо против компаниите (или некоја компанија) да организира натпревари, па да ги бира најдобрите за да ги вработи. Тоа, како што наброи, го прави и Netcetera, а најсвежи примери се Android-ориентираните конкурси (иако со други цели).

    Но, да наречеш нешто „Олимпијада“ и да го искористиш за лични цели е — немам подобар збор — расипано.

    Знам и за маките на нашите млади таленти кои одлично се покажаа на последната IOI, но тие не се интересни за Масит — не се „вработибилни“. Затоа, нема да добијат скршена пара.

  2. Не ми „мириса“ добро ова. Нека ми простат колегите од МАСИТ, но ова е чиста злоупотреба на младите луѓе кои сакаат да ги покажат своите знаења.

    За почеток, се злоупотребува самото име – Олимписки игри, кои подразбираат учество и натпревар, дружење и слични благородни идеи.
    Ионака, најдобрите студенти нема да имаат проблем за вработување.
    „Олимпијадата“ е фарсичен, тесноград и себичен начин компаниите-организатори да добијат подиректен достап до „кремот“ на младите програмери и — ништо повеќе.
    Го заболе Масит за натпреварувањето, за младите, за нивната желба да се докажат, да се дружат. Не — тие сакаат да си направат „база“, без оглед преку кого ќе прегазат.
    Нека каже Масит дали ги помогна (и колку) патувањата на нашите успешни млади програмери во странство, каде што тие, неодамна, освоија високо место.

    Ова е погрешен потег, со погрешни мотиви и не треба да биде прифатен од ИТ заедницата. Масит уште еднаш докажува дека темелите на кои е поставен се гнили.
    (Don't get me started, само погледнете им го Статутот).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии