Мартин Ѓорески од Македонија, дел од младите научници кои развиваат алгоритми за препознавање на тип на транспорт

Тим од 10 научници од Одсекот за интелигентни системи при Институтот Јожеф Стефан, победи на Меѓународниот натпревар за развивање на методи (алгоритми) за препознавање на транспорт. Дел од овој тим е Мартин Ѓорески кој своето образование го започнал на ФИНКИ.

Натпреварот беше организиран од страна на Универзитетот Сасекс (University of Sussex) од Брајтон, Англија и  производителот на телефони и електроника Huawei. Поддршка на Универзитетот Сасекс му дадоа и Универзитетот Ритсумеикан и Кјушу Институтот за технологија во Јапонија и Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.

Учествуваа 34 тима, а во финалето на тимот од Словенија друштво му правеа 16 тимови од целиот свет.

Алгоритамот кој го развија препознава 8 типови на транспорт: стоење, пешачење, трчање, велосипед, автомобил, автобус, воз и метро. За препознавање се користат сензорски податоци од паметни телефони.

Минатата недела Мартин Ѓорески беше гостин на ФИНКИ каде говореше токму за овој натпревар.

„Во конкуренција на 34 пријавени тимови (17 во финалната фаза) од целиот свет, вклучително САД, Австрија, Јапонија, Индија, нашиот тим беше единствен што постигна точност од над 90% со што успеавме да освоиме двојна победа (првите 2 две места)“, вели Мартин Ѓорески.

Предностите на препознавање на средствата со кои се движат граѓаните може да се користи за креирање на мапи кои ќе се користат мерење на потрошената енергија, социјализацијата и изолацијата на граѓаните и најважно креирање на нови модели за транспорт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии