МАРНет стартува наскоро, ќе има јавна расправа за новиот правилник

Цените за регистрација на .мк домен, за кои претходно имаше погрешни шпекулаци дека ќе поскапат, ќе останат исти.

Според г. Димитријоски, МАРНет ќе стартува со стариот спорен правилник бидејќи сега приоритет е да се нормализира регистрацијата на новите домени.

„Стариот правилник беше оспорен поради непостоењето на законска рамка за негово донесување, а не поради неговата содржина, иако од повеќе гледни точки тој не ги задоволуваше потребите на сегашниот развој на ИКТ-технологиите воопшто.“

Наредната недела, тоа е од 14-ти февруари, ќе му се даде законска основа на стариот правилник, што беше и првичниот проблем, а ќе почне да се изготвува новиот правилник кој ќе биде ставен на јавна дискусија за да се одржи „транспарентноста“, вели г. Димитријоски.

Новиот правилник ќе го либерализира доменот, дозволувајќи и приватни компании да можат да регистрираат .мк домен, што „ќе биде преку апликација што автоматски ќе ги регистрира домените, со што процесот на регистрација и менаџирањето на домените, како и брзината на самата услуга ќе зависат само од компаниите што ќе ја вршат регистрацијата. Се очекува овој процес максимално да се поедностави и скрати.“

Целото интервју на страната на Нова Македонија.

1 коментар на “МАРНет стартува наскоро, ќе има јавна расправа за новиот правилник

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии