МАРНет се очекува да профункционира во текот на февруари

МАРНет, агенцијата за издавање на .мк домени на корисниците, неодамна беше изгаснета со одлука на Уставниот суд поради оспорениот Правилник на МАРНет од 1995-та година, за кој, во времето на поднесување, не постои законска регулатива за организацијата и правилникот.

Нова законска регулатива е донесена 15 години подоцна, на 15.09.2010 година кога Собранието го донесе Законот за основање Македонска академска научно истражувачка мрежа МАРНет, агенција која сега ќе биде под капата на МИО.

14 коментари на “МАРНет се очекува да профункционира во текот на февруари

  1. Дали овој претседател (а поминаа мислам 3) ќе ја прифати мојата понуда за изработка на ново современо online решение за МарНет – веб страница со сите сервиси кои се потребни еден современ регистар да функционира?
    Да напоменам по кој знае кој пат, бесплатно им ги нудев и сеуште ги нудам моите услуги и тоа трае веќе неколку години. Во просек два пати во погодината ги потсетувам.
    До сега сем првиот усмен фидбек дека УНет наводно им прави нова веб страница, што го добив пред цирка 5-6 години, повеќе никогаш не ме удостоија со било каков одговор…

    Така да – немојте да ги браните и да им барате изговори во немањето средства, ве молам! Проблемот барајте го на друго место!

  2. Добро а зошто тогаш уставниот суд не наговестил за неговата одлука однапред со цел да се собере нов тим кој ќе го формира новиот правилник за работа со цел МАРНет да продолжи да функционира непречено? Очигледно МАРНет последен дознал за одлуката или се лажам?

    1. воздржувај се од лични квалификации дури и кога ги познаваш луѓето. ептен неправилно е вакви коментари да се оставаат секој да ги чита. Ајти, ајде мала чистка на коментариве.

  3. Имаш некаков конкретен факт кој би дал некаква основа на твојот став/мислење или онака рандом пуцаме муабети?
    Јас како некаков факт дека ништо нема да биде од МАРНЕТ ќе го искористам тоа што професоркава била потпретседател на одборот, и да сакала ќе сменела нешто досега. Онлајн плаќање, онлајн регистрација… промена на дизајн на сајтот побогу, било што, нешто, да се работи, да се биде активен и да се остане во тек со настаните.

  4. Иј, супер, прв човек на Марнет ќе биде досегашниот втор човек. Да пројдат уште 2-3 години дур исполни услов за пензија. Цепки.

  5. Јас само ќе кажам колку пари толку музика – колку се инвестирало во марнет толку и марнет дава!
    Барајте кривци во тие што распределувале пари во периодот од 1995 – 2011 и немора да давате мислење за стручноста на советот и дали треба или не треба да биде некој реизбран бидејќи немате ни 1% од нивните квалификации и стручност!

  6. Гледам професоркава има импресивна биографија, но сепак според мене е недоволна да биде повторно ставена за претседател на управен одбор на институција која што од 1995 година до денеска нема направено ниту еден чекор за да подобри нешто во своето работење, за што прв и најодговорен е токму претседателот на управниот одбор.

    1. Се согласувам со тебе, лесно се доаѓа до таков заклучок кога ќе се постават сите карти отворени на маса.
      Изгледа уште мноооооогу долго ќе си патиме, од умот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии