МАРНет не дозволи регистрација на Wikileaks.mk?

Македонската академска истражувачка мрежа, МАРНет која има целосна контрола над .мк доменот, не дозволи регистрација на Wikileaks.mk домен без притоа да образложи конкретна причина, соопшти хостинг компанија МКХост преку својот Twitter профил.

„Преку нашиот сајт добивме порачка за регистрација на доменот Wikileaks.mk, кој веднаш го проследивме до МАРнет. Истиот ден проследивме уште 2 домена. По два-три дена, двата домена беа регистрирани, но не и доменот Wikileaks.mk. После недела дена се обидовме да контактираме телефонски со МАРнет, но ни рекоа дека има некој проблем и ќе ни се јават за 10 минути… повратен повик не добивме тој ден. По неколку дена, откако испративме три и-мејла, добивме одговор дека доменот неможе да се регистрира, без подетално објаснување.”, вели Иван Петрушевски од МКхост.

Клиентот, Сенад Аруч, познат на македонската јавност по хакирањето на iPhone-от, ни објасни дека идејата зад Wikileaks.mk било да се создаде mirror сајт на постоечкиот Wikileaks и да се објави локален концепт на сајтот, преку кој сите граѓани што имаат некакви доверливи информации кои се плашат да ги објават, да ги објават преку сајтот.

Во текот на целиот ден се обидовме да контактираме со МАРнет, но оттаму добивме само информација дека правното лице не е достапно и дека не постои друго одговорно лице кое може да даде изјава. По ова, се упативме во Министерството за информатичко општество, од кое не добивме конкретен одговор.

„Ние како министерство немаме надлежност над МарНет. Заради вакви и слични проблеми со коишто се соочува приватниот сектор во Македонија, Министерството за информатичко општество предложи до Владата на Република Македонија да се оформи нова институција која што ќе раководи со македонските домени и академската мрежа. Таа институција ќе започне со работа од почетокот на наредната година.”, вели ИТ министерот Иво Ивановски.

Би било чудно МАРНет да се обиде да цензурира регистрација на Wikileaks домен, контроверзен домен кој се користи за објавување на доверливи документи, бидејќи веќе дозволи регистрација на mkleaks.mk домен. Всушност, тоа не би било логично бидејќи веќе има 2 македонски mirror сајтови, копии на Wikileaks.

Можеби МАРНет не сака да регистрира .мк домен кој е сличен со познат „бренд“, сајт како Wikileaks за да нема забуни? Како и да е, потребен е одговор бидејќи се надеваме дека МАРНет ќе се претвори во алатка за граѓаните, не против нив.

35 коментари на “МАРНет не дозволи регистрација на Wikileaks.mk?

  1. Авторско право за wikileaks.mk ОК.
    Океј јас ќе го платам за да го донирам на wikileaks организацијата и шо прајме сега ако марнет несака ? авторско што ?

  2. 1. На кому му е слава во главата зацртано одлична идеја да си ја оствари со ова за Wikileaks.
    Арно ама .. 2. Нека си размисли уште еднаш пред да го направи тоа, сепак книгите со научна фантазија се на 12от рафт од лева страна ко ќе влезеш во гратска библиотека
    3. Криминал не е тежок збор Сенаде синко, ако се употреби со докази. Тоа што ти сакаш да си културен е едно, а тоа што укажува Ванчо би требало да е засновано на докази. Башка и тоа не мора да се води некој судски процес за да се знае дека некој е криминалец. Да беше така немаше да се руе и да се ругаат некои личности во Македонија. Ама што им можат? Ништо! Тие и натаму си го тераат бизнисот и ти викаат "Абе гледај си го здравјето". (не бранам никого само разгледувам и од правен аспект кога некој веќе ја зачна таа тема)
    4. Секое "зошто" си има свое "ете затоа што" – Марнет колку и да (не)е очаен, и колку да се плаши од (американски) притисок, во македонскиот Устав како што сите знаеме дека има нешто што се вика Индустриска сопственост и Авторско право и сродни (соседски) права [алелуја и благодарение до Aleksandar за примерот со Беџат Муслију и Google.mk]. Па неможе бе луѓе некој да се прави паметен со сила …

  3. Имав иста идеа :) за регистрација на wikileaks.mk но после 5 минути се предомислив, како да знаев дека нема да го регистрираат :/

    btw Марнет од секогаш работеле многу ниско, тоа го заклучив по дизајнот на страната :|

  4. Значи вака кажа Ванчо: "ИКТ комората (кога јас бев претседател) предлагаше решение новата верзија на Марнет да се основа како акционерско друштво, каде што акционери би биле компаниите-членки на ИКТ комората и на Масит. "

    Тоа што си сакал вие постарите да продолжите да владеете над .мк небово ќе остане една твоја нестварена желба и профит!
    Значи вака ние помладите доаѓаме и верувај чика дека сме безмилосни – посебно за постарите играчи на мкд информатичко небо кои можам да ги посочам како директни виновници за тековната ситуација на информатиката во Македонија.

    Ти навивај колку сакаш, но новиот МАРНЕТ сигурно ќе овозможи поинакви услуги и ќе може да има повеќе дури и неограничено многу интернет продавници за регистрација на .мк домени. За приватноста ДА државата треба да знае кој го поседува доменот!

    1. 1. Зошто е лошо некој за својата компанија да сака да оствари профит?

      2. Повелете – владејте, вие, „помладите“. :) (не знаев дека така ги делиме работите)
      Да го дочекам и тоа, некој да ме замени. Ама …
      Од она што сум го видел досега, 99% од програмерите не се за примање во ниедна фирма. Едноставно, немаат поим од ништо, немаат работна етика, да не кажам — ги мрзи да работат. Ах, да, воглавно знаат Java и dotNet — јазици на изумирање.
      Секоја чест на останатите 1%, се разбира.

      3. „Новиот“ Марнет *нема* да овозможи приватни регистратори-концесионери. Тоа со сигурност можам да ти го кажам. И жалам што не е така. И тоа беше во нашите предлози, не сакав да ве гушам со сите поединости.

      4. Ме зачудуваш со лесното откажување од сопствената приватност во корист на државата. Не сум сигурен дека разбираш што значи тоа: политичка контрола над интернетот. Или, ако ти е поразбирливо, секој политичар на власт ќе може да пали-гаси сајтови по желба, или барем ќе знае кому да наштети ако не си во негова „банда“ (или не треба наводници, не сум сигурен).
      Македонски Викиликс — дури тогаш простете се од тоа!

      1. 1. TOP!
        2. Ocigledno imash slabi kontakti. Slobodno mozam da kazam deka podobrite IT personi :) vo mkd ne apliciraat za rabota – tie se lovat od vistinski head hunteri koi za zal se povekje i povekje se stranci! Vistinski kvalitetnite kadri begaat od drzavava poradi 2 pricini: mnogu nestrucen kadar vo mkd kompaniite postaven na rakovodni funkcii i kako sto vikate vie tinja od plata i od realizacija na proekti. Prasanje do tebe : dali ako na stvarno jak developer mu se dodeli proekt so uste 2-3 moroni od developeri i uste pomoron PM ke uspee proektot? Hint: Za povisokite instanci vo kompanijata PM-ot e poverodostoen od dobriot developer.

        3. Ocekuvam da vidam dali ke e taka. Ako e taka licno ke se boram kako mozam i umeam i se nadevam deka ke imam podrska i deka imam istomislenici. Da dopolnam sekoj da moze da prodava domeni samo da treba da ispolni odredeni tehnicki baranja / uslovi.

        4. Sopstvenosta na domenot treba da go znae drzavata pa duri i da go ovozmozuva domenot. Toa za isklucuvanje na domenot mislam deka treba da go ima i toa pravo ( Zamisli so liberalizacija na prodazbata na domeni nasite prekrasni sosedi nakupat .mk domeni i pocnat da stavaat se i sesto na istite ). Toa treba da moze da si se kontrolira i se treba da bide spored zakonite koi vladeat vo nasava drzava.

        Offtopic : uporno davam posledna sansa na it situacijava kaj nas. Ako ne se sredi nesto vo dogledno vreme mu se javuvam na posledniot HR stranec so me barase … :@
        Offtopic: j*bem li gi Vikiliks i onoj albino cikana

      2. Невен, што муабет си напраивме.
        Ме изненадуваш со социјалистичко-етатистички погледи на светот! :)
        Замисли *ние*, граѓаните на Македонија, да накупиме .мк домени и да ставаме сѐ и сешто на нив — на пример, навреди за тековниот политичар на власт. Замисли да можеш слободно да се изразиш, без да ти го изгасат доменот поради „неподобност“. Been there, done that — покојната YU беше таква: мазна на површината, расипана внатре.

        Па нели сакаш да одиш во странство (т.е. се закануваш :))? Зошто? За профит.
        Been there — done that, тоо. Не вреди, сите пари ќе ги потрошиш на телефонирање дома. :)
        Не сакам да излезам Ференги, но кога ќе направиш фамилија, ќе се навикнеш на dolce vita, тешко се откажуваш од профитот. Онаа еврејскана клетва (без навреда) е точна: да имаш, па да немаш.

        Но, во едно се согласуваме, оној кловнот Асанж, ниту јас не го поднесувам :) (сеа ќе ми скокнат Слободен софтвер на врат! :) )

      3. муабетот ми беше да се контролираат нелегалните содржини според законите во Македонија, а тоа што политичарите сега имаат сила не се криви тие – НИЕ т.е. ВИЕ постарите сте, нели? :) . Се надевам за доброто на сите дека тоа ќе се смени во иднина.

        Поздрав друже Ванчо. Заувек твој пионер Невен :)))))

  5. Една добра и една лоша вест:

    Целава дискусија е беспредметна, бидејќи Марнет од 1 јануари 2011 поминува во државна агенција и управа. Тоа е добрата вест.

    Лошата вест (за македонскиот дел од интернетот) е дека контролата е во државни раце (читај, прекинувачот и гумичето за бришење се во нивни раце).
    Исто така, со тоа е загрозена и приватноста на граѓаните, затоа што државата, де факто, може многу лесно да ги дознае податоците на секој регистрант, иако тој можеби сакал да остане анонимен.

    ИКТ комората (кога јас бев претседател) предлагаше решение новата верзија на Марнет да се основа како акционерско друштво, каде што акционери би биле компаниите-членки на ИКТ комората и на Масит.
    Сметавме дека со така „распределено“ управување најдобро ќе бидат заштитени интересите на македонските регистранти, затоа што управувањето ќе биде доволно децентрализирано во смисол на интереси и политички влијанија — коморите се состојат од многу фирми на кои како група потешко се влијае политички.
    За жал, тоа не беше крајната одлука на државата, иако од почеток беше прифатена. Изгледа дека некој им шепнал што значи да имаш контрола над интернетот во една држава. Прашајте ги американците…

    Значи од акни, на бапни. Марнет е мртов, да живее новиот, полош Марнет!

  6. Хакирањето на iPhone е легално во цел свет. За некој што прати ИТ вести би требало да знае дека Apple го изгуби спорот против jailbreak-ерите. Тоа не е пиратерија, да се разбереме.

    А за МАРНЕТ да не глумиме лудило, се знае зошто не го регистрирале. Страв од притисок од Американците. Толку.

    Дали е тоа легитимно во Македонија што мислите?

  7. Марнет нема овластување да одбие регистрација на ниту еден домен по основ на ноторност на трговска марка или претходно регистрирана трговска марка бидејќи тоа е во надлежност на Државниот завод за индустриска сопственост.
    Работата е доста чиста Марнет е квази управен орган и има мала самостојност во одлучувањето имено Сенад ако си заинтересиран да ја истуркаш работата имаш два начини и тоа:
    1 исконтактирај ги МкХост како подносители на барањето да поведат управен спор против одлуката на МарНет и тоа најверојано се ке заврши со парница (поскапа варијанта)
    или
    2.Поднеси барање до ДЗИС за право на користење на трговската марка WikiLeaks-MK со дополнително пропратно барање дека се откажуваш од ексклузивитет (disclaimer) на делот WikiLeaks (документите можеш да ги најдеш на http://www.ippo.gov.mk/dzzis/dzzis1.nsf ) ДЗИС потоа ке ти издаде потврда дека е во тек постапка за признавање на правото и истата потврда преку МкХост приложи ја до Марнет и барај повторно да се поведе постапка за регистрација.

    Исконтактирај ме на [email protected] ако ти е потребна асистенција

  8. Иако не ги оправдувам, можам да ги разберам …
    Во основа се во право, сепак, не е јасно кој е вистинскиот сопственик на марката Wikileaks, а сигурно не на дотичниот г. Аруч.
    Деновите им се избројани (и министерот ви кажал) – зошто да земаат жежок костен во рака.

    А мене да ме прашате, ни јас не би му регистрирал домен на "клиент" кој се занимава со криминал – хакира телефони.
    Не знам само што запнале од хостингот да влегуваат во дубиозни работи, ем со Марнет, ем со такви клиенти. Сега уште на Бајруш- шверцерот со цигари – да му го регистрираат marlboro.mk.

    Сосема е можно утре да им се јави некој адвокат – застапник на Асанж (а ги има доволно, како ми изгледа) и да побара толку-и-толку отштета за неовластено користење на регистрирана стокова марка (така се нарекува во правнички-speak).

      1. Јас можам да раберам дека имате желба да го поддржите Wikileaks, но не можам да разберам и одобрам зошто се занимавате со кракерски работи.

        Разбивање на заштита на производ кој е заштитен со лиценца сигурно не е легално. Очигледно сте способен информатичар, и најдобро е своите квалитети да ги употребите на професионални и легални работи.

      2. Prvo sakam da vi kazam deka jas ne sum Kriminalec posto da bev nemase da se prestavam so svoe ime i prezime za toa ne e FER od vasa strana da narekuvate nekoj kriminalec sto se zanimava so IT security i so Ethicno Hackiranje ….. taka da sega tvrdite i deka sum bil Kraker?? navistina ne ve razbiram kako mozete da me narekuvate Kraker ?? Taka da treba da dokazete za ovie tvrdenja za kriminalec i kraker posto ako ne ste vo moznost da go storite toa jas licno ke podnesam TUZBA i ke ve tuzam za nanesuvanje na los ugled bez soodveten dokaz!.

      3. Ајде, намали малку, смири се, Сенад. Знам и кога и кому се "отварани" телефоните, свежо донесени од САД, во времето кога Т-мобиле сеуште ги немаше званично на нашиот пазар. Тоа не е етичко хакирање.
        Остај се од тие работи и почни нешто покорисно.

      4. Ne nema sto da namalam vie (znaci jas postojano vi zboruvam kako postar od mene so kultura) navistina ne znaete za unlock nitu pak za iphone zatoa sto jas ne modificirav firmware na Apple sto e zastiten so avtorski prava ??? a nitu ni hardwer na Apple sto isto taka e zastiten so avtorski prava. Taka da nema osnova da bidam Kriminalec posto nemam storeno nisto ilegalno, da bese taka nemase deneska da bidam tuka i da vi dadam casovi po etika.

        A sega dali vie treba da se izvinite za navredite i da gi editirate vasite komentari toa ostanuva na vasiot sovest.

      5. Ок, Сенад, извини. Не си криминалец … Требаше поблаго да ја формулирам реченицата.
        Сепак, мојот совет стои …

    1. А јас мислам дека малце забега во правдањето на марнет.
      Прво не е воопшто важно кој е сопственик на некоја марка па дури и на Wikileaks, за да се регистрира домен. Ни еден регистратор во светот па и нашиот Марнет нема обврска да проверува дали некој назив е во владение на некоја фирма или институција. Таа заштита си ја прави самиот сопственик на брендот. Ако постои …. Тек потоа Марнет решава на кого ке му го даде правото на користење. Значи тек од кога ке се јави барање за заштита на сопственоста. Пред тоа му го доделува на првиот што го побарал.

      Второ лицето кое сакало да го регистрира доменот е МКХост а не г. Аруч. Но И да е тој, каде ти виде дека истиот е криминалец. Дали има правосилна судска пресуда против него ? Дали има обвинение ? Дали има било каква постапка ? Јас искрено не сум чул, а да окарактеризираш некого како криминалец само врз база на рекла казала…….

      1. Mkhost ima elektronski aneks dogovor so klientite koi se ko-sopstvenici na tie domain adresi taka da vo toj slucaj http://www.mkleaks.mk e registrirana od stranata na Mkhost po moe baranje a jas ako sakam utre ke pobaram od mkhost da go snemi sopstvenosta na http://www.mkleaks.mk na moe ime…. ali nemam takva potreba za toa sto u mkhost jas imam nad 10 domain adresi i navistina se Profesionalci vo hosting scenata….

      2. Знам за тоа. И јас имам хостинг кај нив. Муабетот ми беше повеќе за Ванчо дека Марнет нема појма дека ти си зад домејнот. Пред нив клиент е МКХост.

    2. Трето, МКХост се компанија која живее од хостирање, и не разбирам зашто и они би ги бирале клиентите само врз база на рекла казала муабети. Па дури и да се осудени криминалци кои се во Идризов моментално, каде пишува дека несмеат да имаат свој сајт и домаин ????

      Четврто. Дури и да се појави некој адвокат на Асанж неможе да добие ама баш ништо додека не ја регистрира марката и во македонија, или не побара од моменталниот корисник на марката да престане да ја употребува, нормално со доказ дека ја има веке заштитено на светско ниво во IPPO. Е тек тогаш откако нашиов и официјално знае дека крши нечие право, а прдолжува тек тогаш можеме да разговараме за оштети итн….

      1. Не го бранам Марнет, само кажувам како најверојатно размислувале кога им дошла пријавата.
        Инаку, можам книга да напишам колку пати сум останал незадоволен од Марнет.
        Згора на се', јас сум еден од иницијаторите и член на работната група за "реформирање" на Марнет. Конечно, иако не сосема по мој вкус, Марнет, ваков каков што е сега, ќе престане да постои, многу скоро.

        И не го открив јас "клиентот" , тие си го открија. Нека си хостираат кого сакаат, јас си го кажав своето мислење. Тоа е работа на проценка. Мојата се разликува од нивната.
        Хостинг-компанијата може да се преправа дека никогаш не чула за некој бренд и да се обиде да го регистрира, но во тоа никој нема да поверува кога (и ако) работите дојдат до судови и отштети. Обично е мудро претходно да се размисли малку и да се проценат опасностите од тоа.
        А самиот бренд не мора експлицитно да биде регистриран кај нас. Прашајте само што му се случи на оној нашион сограѓанин кога го регистрираше google.com.mk

      2. Ама баш ништо не му се случи, ако ја знаеш до крај прикаската. Му го земаа домаинот, откако Гугл докажа дека "Google" му е меѓународно регистрирано име, а човекот по своја желба тужеше во суд. Значи он тужеше и се спореше, а не го тужеа од Гугл како што имаше муабети.

      3. Апсолутно нема врска тоа што го кажа, носител на регистрацијата на доменот Google.mk беше Беџат Муслију и против него паралелно беа водени две постапки.
        – Кривична поради прекршување на член 285 од КЗ Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, поведена од страна Јавното обвинителство.
        – Граѓанско парница за повреда на право на општо позната трговска марка водена од страна на полномошник на Google за РМ, Велантин Пепељуговски(од СБА).

      4. мене ме одбија за facebook.com.mk :) макар да мислам дека facebook не се регистрирани во Македонија како трговска марка.
        Али нема везе, не е толку страшно.

      1. Вие „слободно-софтверашите“ изгледа имате вики со подготвени цитати од цело американско законодавство. Отприлика: „Корисни цитати од правните анали“… :)

        Jailbreaking *дома* е фер-употреба. Jailbreaking за пари на други луѓе не е дозволиво. На страна дали е кривично дело, туку сигурно е повреда на Договорот што го имаш со мобилниот оператор.
        Да не зборам за згодните „нус-продукти“ на оваа забава — можност бесплатно да инсталираш апликации од AppStore (и оние кои имаат цена).

        Wikileaks не мора да биде регистрирана марка за да ја спорат нејзината употреба, ако ништо друго, тогаш по право на прва употреба и општа познатост. Башка, американските закони си важат во Америка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии