МАРнет конечно го ослободи .мк доменот, но што значи тоа за вас

Македонската академска истражувачка мрежа овласти осум компании да управуваат со 30-те илјади регистрирани .мк домени. Ултра Нет, Тим Корпорејшн, Виртувио, МК Хост, Некст – М, Марцом Регистри, Веј Глобал ИТЦ и Процес Ин се првите одобрени регистрари кои ги исполнија техничките услови за да го преземат регистрирањето, додека МАРнет ќе биде само контролно тело, како што беше предвидено со либерализацијата на .мк доменот.

За почетокот сите постоечки домени ќе треба да бидат префрлени кај регистрарите, започнувајќи од 01.04.2014 година. Но, регистрирањето на нови домени ќе започне уште од наредната недела, односно од 3-ти март. Ова значи дека наместо во МАРнет, корисниците ќе треба да се обратат кај некои регистрари за да си купат домен или да си го префрлат тој што веќе го имаат. Предноста на ова е што регистрарите се воглавно и хостинг компании, па за тие што стартуваат сајт ќе може полесно да средат се што е потребно за сајтот да биде онлајн. Домените ќе бидат регистрирани според корисникот, правно или физичко лице, и нема да оди преку регистрарите т.е. хостинг компаниите бидејќи тие се ограничени со имање на 30 регистрирани домени. Ова ќе значи дека секој сопственик на домен ќе биде јавно објавен како и што беше до сега и на сајтот на МАРнет.

Но, иако МАРнет нема да ја менува цената од 610 денари за домен, цените може да скокнат бидејќи работата на регистрарите сега ќе биде покомплексна. Тоа што е добро е што во пракса домените често се поклонуваат ако се закупи и хостинг. За жал, нема да има електронско регистрирање на домени, туку ќе мора да посетите регистрар. Тоа што е добро е што сега ќе може онлајн да се сетираат DNS серверите и контакт информациите.

Најдоброто нешто со либерализацијата е што ќе има поголема конкуренција, а може и да очекуваме и поголема иновација. Од досегашното искуство, МАРНет како единствен регистрар често доцнеше или пак мораше да го запазите нивното работно време за да регистрирате домен. Сега отворениот пазар и конкурентноста налага компаниите да бидат поуслужни и поагилни за да привлечат корисници, што значи дека може да се очекува регистрирање на домени во било кое време од денот и во различните градови каде има пунктови на регистрари.

4 коментари на “МАРнет конечно го ослободи .мк доменот, но што значи тоа за вас

  1. Што значи ова за крајниот корисник?

    Досегашната цена ќе биде неконтролирано големена.
    Наместо во МАРнет да се достави барањето, сега ќе треба на друго место.
    Нема да има регистрација на домени онлајн, иако тоа беше првичната цел.

    МАРнет нема да се замара со крајните корисници а ќе ги зема истите пари.

    Тоа е таа либерализација, мижи бабо да те лажам!

    Браво за уште еден лош потег на МАРнет, односно МИО.

  2. А што ако сакам мк домејн, а хостингот сакам да го купам од фирма која не е регистратор на домејни?
    Постои можност фирмите што регистрираат домејни и продаваат хостинг да го злоупотребат тоа, односно им се дава привилигиран позиција, ми се чини дека тоа не е добро режение.

  3. Не ми е баш јасно што поточно треба да направат сопствениците на сајтови, ако можете ве молам да ми објасните? Прво пишува (Ова значи дека наместо во МАРнет, корисниците ќе треба да се обратат кај некои регистрари за да си купат домен или да си го префрлат тој што веќе го имаат), а потоа пишува (Домените ќе бидат регистрирани според корисникот, правно или физичко лице, и нема да оди преку регистрарите т.е. хостинг компаниите бидејќи тие се ограничени со имање на 30 регистрирани домени), па малку збунува… Треба да се оди во некој од фирмиве и да се префрла домејнот или не?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии