МаркО, паметниот to-do асистент, сега е достапен и на македонски јазик

МаркО, паметниот асистент креиран од CodeWell, сега е достапен и на македонски јазик, како и на француски, руски и германски во обид да привлече поголем интерес од корисниците. МаркО е локациска to-do апликација која ве потсетува за обврските, но не според времето кога треба да ја извршите обврската, туку според локацијата каде треба да ја завршите задачата. Пример, ако поминувате покрај супермаркет МаркО ќе ве потсети дека треба да купите млеко, или ако поминувате покрај аптека, МаркО ќе ве потсети дека треба да купите аналгини.

Покрај локализацијата на неколку јазици, новата верзија на МаркО доаѓа со опција за едитирање на задачите, како и со можност за исклучување на звучните известувања. Ова се добредојдени дополнувања на апликацијата која има неколку интересни функционалности, како споделување на обрските со пријателите и едноставно користење во три чекори, но и маани поради (не)прецизноста на GPS-от. Направени се и мали промени на дизајнот на картичките.

Во моментот е достапна само на Google Play, но македонскиот стартап CodeWell, кој е кратор на апликацијата, вели дека iOS верзијата е во изработка.

[youtube]ZsFFbV3GVKc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии