МаркО, паметниот асистент на CodeWell, е достапен за симнување на Google Play

Асистентот МаркО e креиран да ви помогне да не заборавите обврски, да не заборавите да купите млеко ако поминете покрај продавницата, или да платите сметки ако поминете покрај банката, вели CodeWell, македонското студио за апликации, коe ќе оди во Полска да ја претстави својата апликција на Demo Day на Hubraum Krakow.

Aпликацијата е локациски потсетник, to-do листа како што се познати овие апликации, пример Any.Do, Wonderlust, или македонската Theremind. МаркО е достапен за симнување на Google Play за Android телефони, но и за паметните часовници што работат на Android Wear. За разлика од другите вакви апликации, МаркО е дизајниран да ја користи локацијата како маркер кога треба да ве потсети за обврските. Откако ќе ја стартувате апликацијата, туторијалот ќе ви покаже дека апликацијата се користи со два едноставни чекори – внесете обврска, внесете локација како потсетник. Пример, МаркО ќе ме потсети дека треба да напишам текст за МаркО кога ќе дојдам во канцелариите на It.com.mk. Или да купам леб на патот кон дома, ако поминам покрај омилената продавница.

[youtube]ZsFFbV3GVKc[/youtube]

Но, наместо да внесувате постојано локации, МаркО има интересна функционалност со која го поедноставува процесот. Ако треба да купите млеко, внесувате само „supermarket“ и апликацијата ви ги дава сите продавници околу вас каде може да купите млеко. Проблемот може да биде што има многу продавници околу вас, па добив нотификација да купам млеко додека сум во канцеларија. Но, МаркО има и опција за споделување на обврските со пријателите или колегите.

1 коментар на “МаркО, паметниот асистент на CodeWell, е достапен за симнување на Google Play

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии