Марк Зaкерберг e Time личност на годината за 2010

Зaкерберг беше во тесна конкуренција со основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, кој беше прогласен од публиката на Time за личност на 2010-та.

Со титулата, 26 годишниот Зaкерберг стана втората најмлада личност која ја доби престижната титула, по Чарлс Линдберг.

Според Time, Марк Елиот Зaкерберг е личност на годината „за поврзување на повеќе од пола милијарда луѓе и мапирање на друштвените врски меѓу нив; за креирање на нов систем за споделување информација; и за променување на нашите животи.“

Достигнувањето на Зaкерберг е друштвената мрежа Facebook која сега има над 600 милиони корисници и е проценета меѓу 30 и 40 милијарди долари.

Неодамна беше и премиерата на Social Network филмот во кој се опишува младиот Зaкерберг на почетокот на основање на мрежата. Зaкерберг го отфрли филмот како невистина, но додаде дека „единствено нешто што го погодија се мајците кои ги носев тогаш.“

(фотографијата е на David Berkowitz/Flickr)

5 коментари на “Марк Зaкерберг e Time личност на годината за 2010

  1. Ма ајде бе, лжги со опашки. Како водеше Асанж пред неколку дена којзнае колку пред другите, и сега нагло закерберг победник -.- Нешто многу смрди на американска влада.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии