Марк Закерберг во Конгресот, сослушувањето продолжува и денес

Марк Закерберг конечно се појави пред Конгресот на САД. За жал, ниту на ова сослушување не дознавме ништо ново.

Сенаторите повторно ги прашуваа истите прашања, и ги добиваа истите одговори. Дел од стандардните прашање беа за руското мешање во изборите во САД, за цензурирањето на десничарските страници, а сега фокус беше и скандалот со Cambridge Analytica.

Едно прашање кое е интересно за медиумите, е дали друштвената мрежа има конкуренти. Г. Закерберг требаше да одбере еден конкурент на Facebook. Иако се обиде да објасни дека друштвената мрежа има конкуренти во различни области, сепак впечатокот е дека не се снајде најдобро со одговорот на ова прашање. Сепак на прашањето „Дали смета дека Facebook e монопол?“ одговори со „Мене не ми изгледа така“.

Дел од сенаторите прашуваа за технички решенија и дали и колкаква регулација би била потребна за друштвената мрежа. Основачот објасни дека не е против регулација, но треба да биде одмерена. Дополнително, прашањата се однесуваа и на најдобриот начин за собирање на податоците. Пример, дали можеби не е подобро корисниците експлицитно да дадат дозвола за собирање, наместо да бараат излез од собирањето податоци.

Г. Закерберг повторно ја објасни разликата помеѓу првата замисла кога како студент ја креирал мрежата и денес. Ако на почетоците сметале дека целата содржина мора да ја модерираат луѓе денес тоа не е случај, па речиси целата работа е оставена на вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција не се справува лошо со проблемите, иако е ужасна кога говорот на омраза или повикувањето на насилство е на јазик кој не е англиски. Па и во овој случај сенаторите го добиваа

„Секогаш може подобро одговорот“.

Можеби најинтересното прашање е дали друштвената мрежа и во САД треба да се регулира по примерот на Европа. Во мај Европа ќе донесеригорозен закон за заштита на податоците. Со GDPR се уредува начинот на прибирање и на чување на овие податоци. Компаниите и понатаму може да ги користат податоците, но мора да бидат одговорни. За секое прекршување казните се ригорозни.  Максималните казни се 4 отсто од годишните приходи или 20 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии